По скоро два месеци пауза без тренинзи во клубот, Кристијано се врати од Португалија и веќе неколку дена тренира во базата на Јуве каде се спремаат за продолжување на Серија А.
Настанов имаше неколку јаки моменти. Прво што Кристијано комотно жонглираше и дриблаше маскиран пред преполн плоштад во Мадрид, второ што на една девојка ѝ побара број а таа го одби, трето малиот што збунето го гледаше додека ја вадеше периката и четврто толпата која се собра за помалку од 10 секунди.
Еден, два, три, четири комбиња изброивме и тоа со затемнети стакла и плус полициска придружба пред нив и позади. Па ова е тотално претеран протокол за превоз на еден фудбалер од аеродром до дома. Како да е Претседател на држава.
Во реванш четвртфинале од Лига на шампиони, Јунајтед со Фергусон на клупата му гостува на Порто на „Драгао“. Проаѓаат 6 минути и Кристијано распалува бомба од преку 35 метри за 0-1. Мечот така и заврши и Манчестер со вкупен резултат 2:3 од двата меча отиде во полуфинале.
Руни, Кристијано Роналдо, Марадона, Роналдињо, Анри, Бекам, Роналдо, Ван Перси, Тоти, Ривалдо. Од сите овие легенди ќе повтори по еден легендарен гол. Оценката по физичко веќе може да му ја заклучат. Седи 5-ка.
Тоа е, ако не сакаме да бидеме како Валдерама и Фелаини во косите, ќе мора и сами да почнеме да се шишаме, ама сами, а не да имате такви барања од татковците, па после Цацко ви е крив.
Кристијано Роналдо и Бразилецот Луис Назарио да Лима Роналдо се луѓе од разни епохи, иако Бразилецот е постар само 8 години од Португалецот и неколку пати беа близу средба од натпреварувачки карактер.
На 3 април 2018-та падна еден од најатрактивните голови во Лига на шампиони со акробација која одеше на сите насловни страници. Во четвртфинале Јуве - Реал 0:3 и еврогол на Роналдо од кој можеш да се откачиш само ако го купиш. И потоа го купија.
Економските мерки во Јувентус кои се состојат од кратење плата во следните 4 месеци не е дека многу го погодија Португалецот кој има пари за уште 100 животи. Ако треба ние дома да седиме, не мора и парите нели?
Според првичните најави на Пандев може да земе 35.000 евра помалку, што е ништо во споредба со Лукаку, 1,8 милиони или па уште повеќе со Роналдо, 9 милиони. Зависи кој колку е платен.
Пред Роналдо и Меси во 2009-та да се сретнат во досега нивното единствено финално соочување во ЛШ, Манчестер Јунајтед во полуфинале за противник го имаше Арсенал. Неблагодарно е да се каже кој му е најјак слободен во кариерата.
Тоа што фудбалот е на стенд бај, не значи дека нема што да гледаме. За него има екстремно богата историја, за која не треба многу длабоко да се копа за да се ужива.
Кристијано Роналдо го потврди својот голем интерес за општеството и одлучи да го конвертира ланецот на хотели во Португалија во болници со цел да помогне во борбата против ширење на коронавирусот, пишува Marca.
Дербито на Италија го доби Јувентус со 2:0, но без публика го немаше истиот драж. За тоа е свесен и Кристијано кој се поздравуваше со невидливи навивачи.
Од каде да почнеме? Јуве повеќе не се бори сам за титула, туку гризат не една, две екипи. Интер пазари без престан звучни имиња. Милан го врати Ибра. Роналдо е машина за голови и магнет за публика. Плус Пандев уште е во форма, а Елмас е се подобар. Штета за Иле.
Кога ќе се спомне Виареџо, прва асоцијација во Македонија се Горан Пандев, Аце Стојков и сјајната генерација млади фудбалери на Беласица која подоцна доби уште неколку понуди да учествува на најголемиот младински турнир во Европа.
Сан Ремо е спектакл, а оваа година две вечери по ред го зачинија со спортски ѕвезди, ултра популарни. Прво Ѓоковиќ, а потоа со Роналдо и жена му. Популарниот водител Амадеус одигра во напад со провокативен дрес, пола Јуве, пола Интер.
Кристијано синоќа наполни 35 и на сред улица наеднаш почнаа да го снимаат и да му се собираат другари за да му честитаат. Главниот подарок му го спремила жена му со голема црвена машна.
После 18 години кариера во која освои 29 трофеи, 5 Златни топки и постигна преку 700 голови, овој човек уште не е презаситен од фудбал. Погледнете го како одговори на една задача на денешниот тренинг. Со ваква желба и темпо на тренирање, 100% ќе го гледаме и на 40, па можеби тогаш ќе можеме да го наречеме ветеран.