Дербито на Италија го доби Јувентус со 2:0, но без публика го немаше истиот драж. За тоа е свесен и Кристијано кој се поздравуваше со невидливи навивачи.
Од каде да почнеме? Јуве повеќе не се бори сам за титула, туку гризат не една, две екипи. Интер пазари без престан звучни имиња. Милан го врати Ибра. Роналдо е машина за голови и магнет за публика. Плус Пандев уште е во форма, а Елмас е се подобар. Штета за Иле.
Кога ќе се спомне Виареџо, прва асоцијација во Македонија се Горан Пандев, Аце Стојков и сјајната генерација млади фудбалери на Беласица која подоцна доби уште неколку понуди да учествува на најголемиот младински турнир во Европа.
Сан Ремо е спектакл, а оваа година две вечери по ред го зачинија со спортски ѕвезди, ултра популарни. Прво Ѓоковиќ, а потоа со Роналдо и жена му. Популарниот водител Амадеус одигра во напад со провокативен дрес, пола Јуве, пола Интер.
Кристијано синоќа наполни 35 и на сред улица наеднаш почнаа да го снимаат и да му се собираат другари за да му честитаат. Главниот подарок му го спремила жена му со голема црвена машна.
После 18 години кариера во која освои 29 трофеи, 5 Златни топки и постигна преку 700 голови, овој човек уште не е презаситен од фудбал. Погледнете го како одговори на една задача на денешниот тренинг. Со ваква желба и темпо на тренирање, 100% ќе го гледаме и на 40, па можеби тогаш ќе можеме да го наречеме ветеран.
Што би можело да предизвика ментална болка на жителите кои се први комшии на една од најнепредвидливите, до заби вооружени држави низ светот? Кристијано. Роналдо.
Португалскиот ас денес слави 35 години и во негова чест навивачите на Јувентус и луѓето од клубот на социјалните мрежи споделуваат видео со интересни моменти на Роналдо во црно-белиот дрес.
Португалецот сезонава има 19 гола и 2 асистенции во Серија А, 2 гола во Лига на шампиони со 2 асистнеции и 1 гол во Купот на Италија. Против Фиорентина минатиов викенд постигна 2 гола од пенал и стигна до бројката од вкупно 50 погодоци за Јувентус. Интересно, Газета дело спорт објави слика на која се гледа како Кристијано Роналдо ги прославувал сите голови во Јувентус.
Огнениот старт на 2020-та година - 6 гола на 3 меча за Јувентус, придонесе Кристијано Роналдо да влезе во Топ5 најдобри стрелци во историјата на фудбалот според Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation (RSSSF).
Суперѕвездата на Јувентус кој ќе игра на Европското 2020 ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери во историјата. Интересна и симпатична е и неговата трансформација од дете во зрел човек.
Кристијано Роналдо ја реши Парма со два гола. Вториот го прослави со Дибала кој му асистираше, ама некако неочекувана прославава а? Или па му се лизна од возбуда?
Јасно е како ден дека фудбалот веќе подолго време е суров бизнис, ама ретко кога главната фудбалска унија си дозволува очигледен и намерен привид, со цел поголема популарност и атрактивност.
За четири месеци полни 40 години, ама Лазаров мува не го лази и на ракометот му се дава како да е меѓу најмладите. Ти го мислиш е пред пензија, а тој скока како да е на федери.
По пауза од 2014-та, Јуве ја доби Рома на гости и му избега 2 бода на Интер кој ремизираше дома со Аталанта. Роналдо беше стрелец од пенал, а на Крис Смолинг му одигра еден на еден со прашањето Где је лопта?
Капитенот на Португалија е најплатен спортист на Инстаграм. Според резулатите од едно истражување на аналитичката компанија Хупер, Роналдо земал двојно повеќе пари од оваа социјална мрежа отколку што му даваат на северот од Италија.
„Го учам мојот пријател Новак како да има поголем одраз. Драго ми е што те гледам и тренирам со тебе, пријателе“, напиша Кристијано Роналдо под видеото на неговиот Инстаграм профил, а на кое се гледа како му објаснува за повисок одраз на српскиот тенисер со кого тренираат во Дубаи. Ова доаѓа само неколку дена по неверојатниот небесен скок и гол на Роналдо против Сампдорија.
По завршувањето на Суперкупот на Италија, кој се играше во Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо да можеше ќе го фрлеше сребрениот медал, а во еден момент гестикулираше вулгарно кон некого. Се претпоставува дека е кон трибините од каде поединци викале „Меси, Меси“.
Фудбалерите на Јувентус со 1:2 ја победија Сампдорија на „Мараси“ во Џенова. Вториот гол за Јуве дојде по спектакуларниот скок на Кристијано Роналдо кој медиумите пресметаа дека се одразил цели 71 сантиметри од земја и ја заковал топката во мрежа од висина на 2.52 метри што е надчовечки.
Ем што со два гола против Удинезе беше главен автор на победата на Јувентус, ем што во 80’ минута кога Гонзало Игуаин кој излезе од игра а беше капитен, Роналдо реши капитенската лента да не ја става на себе, туку му ја проследи на Матуиди, кој во тој момент беше играч со најдолг непрекинат престој во Јуве од сите на теренот.
Со головите на Кристијано Роналдо и Гонзало Игуаин, Јувентус го совлада Баер во Леверкузен и сега ја чека ждрепката за противникот во осминафиналето. А на крајот од мечот, еден натрапник сакаше да направи селфи со Португалецот, кој обично е пристоен со тие што упаѓаат, ама овојпат со право не беше.