Во време на криза која допрва ќе се осети во цел свет, Сан објави денеска една провокативна вест за Кристијано Роналдо, а тоа е дека големата фудбалска ѕвезда која се наоѓа во карантин во родната Мадеира, купил нов автомобил.
Ако светот е парализиран и не работат еден куп дуќани, тоа не значи дека не може да се пазари, па да речеме дека можеби он лајн ја направил нарачката а?
Се работи за Бугати 110 која се смета за една од најретките и најбрзите произведени автомобили. Ајде сега земете воздух пред да ја прочитаме сумата. Чини 8,5 милиони фунти. Па добро колку му чини палатата или палатите што ги има?
Не сме ние магазин за автомобили за да навлегуваме во карактеристики, туку само ќе споменеме две работи. Ова Бугати може да развие брзина од 100 км на час за само 2,4 секунди и имаат привилегија да го имаат само 10 луѓе во цел свет.
Па добро бре кај мисли да брза човеков? Ништо не работи, па ниту тренинг центарот на клубот кој му дава годишна плата од 30 милиони евра.
Познат е Кристијано како колекционер на автомобили, така и оваа скапа играчка ќе му влезе во гаража кај другите.
Инаку на Инстаграм очекувајте му ја следна година, бидејќи тогаш ќе му стаса нарачката.
Оваа му е подарок од жена му за 35-ти роденден.