Таг: кристијано роналдо

Најлошата реклама некогаш снимена со Роналдо

Shopee (Шопи) е сингапурска платформа за онлајн пазарење. За последната, најнова реклама решиле да го ангажираат најдобриот фудбалер на светот според ФИФА, Кристијано Роналдо. А тој кога видел што ќе снима, поарно да не снимал.

Како Роналдо го следеше Супер купот

Нема тоа: Гости ќе ни дојдат, ај да ги шетаме децата во Џамбо или кој ќе те трпи два саати со фудбалот. Туку има ова:

Роналдо објасни како му произлегла популарната прослава на гол

Иако делува некако неприродно и чаламџиски, сепак асот на Јуве тврди дека се работи за сосема природен потег кој му дошол да го прави спонтано на пријателска со Челси.

Корејците му се клањале на Роналдо, а не го ругале

Откако се појави снимка од пријателски меч меѓу ѕвездите од Јужна Кореја и Јувентус, објавивме видео на кое мислевме дека овие се радуваат како Роналдо за да го реметат, ама вистината била друга, а тоа го докажува камера од друг агол.

Кутрите пробуваат да скокнат колку Роналдо

Џабе кога не можете. Тој низ годиниве има киснето со саати на фитнес за таа работа и има помалку телесни масти од супермоделите. Со неговиот висок скок се одразува 2.88 метри од земја, а обрачот на кошот е висок 3.05, што значи ја куца без проблем.

Ама сте се договориле да го тролате Роналдо ако дадете гол

На пријателска меѓу ѕвездите од К лигата во Јужна Кореа и Јувентус, италијанскиот шампион истрча со Счесни, Де Лихт, Пјаниќ, Манџукиќ, Ругани, Кансело, Бернардески, Емре Чан, Игуаин и двајца младинци. Ама ни тоа не им помогна, па губеа 3-1 после 70 минути игра. После вториот гол на Сеисиња, го тролаа Роналдо кој направи чуден израз на лицето.

Гласајте за гол на сезоната - кој од кој поубав погодок

УЕФА го означи за отворено гласањето за најубав гол на сезоната 2018/2019. Ќе може да се бира најдобар погодок до 9 август кога се затвора гласањето и ќе биде избран бројот 1.

Рекламен пост на Инстаграмот на Роналдо чини 975.000 долари

Аналитичкиот веб сајт Hopper ги изучил Инстаграм профилите на познати луѓе од разни области (спорт, лајфстајл, фитнес, патешествија, убавина, исхрана итн) и пресметале колку чини рекламен пост на тие акаунти.

Првиот сезонски гол од слободен удар за Роналдо - против Интер

На пријателскиот меч во склоп на подготовките за новата сезона, Интер поведе со автогол на Де Лихт, а Јувентус израмни преку Кристијано Роналдо од слободен удар (топката се одби од Скриниар и смени правец). По голот со Тотенхем, ова е втор на летните подготовки за Португалецот.

Необична реакција на Роналдо врз кинески џандар

Јуве одржува тренинг во Кина на кој им влетува падобранец на терен. Полицајците веднаш му се пуштија, а камерите уловија и една неочекувана и чудна реакција врз џандарот кој ја гледаше бледо мега ѕвездата. 

Еден обичен тренинг на Роналдо во Јувентус

Еуфорични по доаѓањата на новите засилувања Де Лихт, Рамзи и Рабио, бјанконерите ги почнаа подготовките за новата сезона. А Роналдо од старт покажа дека летово не кркал ко Азар и Бен Једер.

Говорот на Роналдо во соблекувална откако освои Европско првенство

„Ни Лига на шампиони, ни индивидуални признанија, ништо друго не ме прави среќен како овој момент на европски шампион“ - Кристијано Роналдо, најдобар стрелец и играч со најмногу настапи во историјата на Португалија во говорот на денешен ден пред 3 години во Париз.

Ти го праќаш на одмор, тој вежба спринтови со европски првак

Амбициите за напредок на Кристијано Роналдо немаат крај. На неговите 34 години со таква кариера и богатство друг да е, нема да мрдне од јахта цел одмор. Кристијано се одмораше, ама паметот пак му бега кај индивидуалните тренинзи без кои не може да живее. Му помагаше Франсис Обиквелу, специјалист за трка на 100 и 200 метри кој има освоено 15 медали и поставено европски рекорд на ЛОИ во Атина 2004.

Твит на денот

Додека новинар му поставува прашање на Златан Ибрахимовиќ, камерман, режија, студио, соиграчи, тренери, сите очекуваат да слушнат што следно ќе развали Ибра. Човекот е луд заебант и нема утка во одговорите.

Денот кога во Мадрид се промени историјата

На 1 јули 2009-та стартуваше ерата на Бернабеу наречена Кристијано Роналдо. 10 години подоцна во најкуси бројки таа може да се раскаже вака: 438 натпревари, 450 гола, 15 трофеи, 4 Златни топки, 1 легенда.

Имаше само еден начин да го сопреш Роналдо во најдобрите денови

Португалецот фудбалски созреа во Манчестер Јунајтед каде беше од 2003 до 2009 година. Во овој период на 196 средби постигна 84 гола, а со неговите дриблинзи го зачудуваше светот.

Гостинот по бакшишот се познава

Во една ултра луксузна вила јужно од нас, две години по ред доаѓа на одмор гостин од Јуве со годишна плата од 30 милиони евра, јака женска и четири деца. Тој не само што ужива господски, туку им остава бакшиш на домаќините со кои може цело лето да имаат за добар џепарац.

Кристијано и новиот пехар со Португалија

После болниот пораз од Грција во финалето на Европско 2004 на домашен терен, Кристијано Роналдо остана единствениот од таа генерација кој и ден денес игра за репрезентацијата. Со Португалците синоќа го освои пехарот во Лига на нации откако во финале ја совладаа Холандија 1:0.

Роналдо vs еден за греота

Кристијано Роналдо има 34 години, а неговиот чувар Кевин Мбабу 24 или да не е обратно? Кај ја потепа Швајцарија со хет-трик, па уште и душа му зема на малиов.

53-ти хет трик во кариерата на Кристијано Роналдо

Португалија со 3:1 ја совлада Швајцарија и се пласираше во полуфиналето на Лига на нации. Сите три гола од кои еден од слободен удар за европскиот шампион ги постигна Кристијано Роналдо.

Јувентус ја прослави титулата, поздравени Де Роси, Барѕаљи и Алегри

Јувентус го прослави 35 скудето во историјата, 37-мо според толкување на клубот и навивачите (оние титули од Калчополи). Прославата мина интересно. На трибини беа Арон Рамзи и Џиџи Буфон, Барѕаљи (38 години) се прости од Јуве, Алегри го поздравија навивачите, а Роналдо го опна син му по глава со трофејот.

Срамота на Роналдо, го исмеваше Флоренци поради малиот раст

Во напнатиот и тензичен меч меѓу Рома и Јувентус (2:0), најголемиот конфилкт го имаа Алесандро Флоренци, капитенот на Рома и Кристијано Роналдо кој направи многу нечовечки потег.

Хегемонија на владетелот кој 8 години е на тронот

Со триумфот од 2-1 против Фиорентина, Јувентус по 35. пат стана шампион на Италија. Ова е 8-мо скудето на Јуве по ред и тоа е рекорд не само во Серија А, туку и во сите Топ-5 лиги во Европа.