Ноле, чекај Роналдо да ти каже како до поголем одраз

„Го учам мојот пријател Новак како да има поголем одраз. Драго ми е што те гледам и тренирам со тебе, пријателе“, напиша Кристијано Роналдо под видеото на неговиот Инстаграм профил, а на кое се гледа како му објаснува за повисок одраз на српскиот тенисер со кого тренираат во Дубаи. Ова доаѓа само неколку дена по неверојатниот небесен скок и гол на Роналдо против Сампдорија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Teaching @djokernole how to jump!!😅🤪💪🏽 Was a pleasure to see you and train with you my friend!!

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Кристијано сезонава има 10 гола на 14 меча во Серија А, а неговиот Јувентус има исто бодови како лидерот на табелата Интер кој има подобра гол-разлика.

Ѓоковиќ во меѓувреме се спрема за Австралија Опен кој почнува од 20 јануари. 

Надчовечкиот одраз на Роналдо

27 декември 2019 - 12:43