Најдобар играч според верзијата на ФИФА стана Лионел Меси. Аргентинецот ја освои наградата пред Вирџил Ван Дајк и Кристијано Роналдо. Но интересен е начинот како Лео стигна до вредниот трофеј.
Ако се погледа диаграмот (финалниот збир на гласови), се чини дека предноста на Меси е огромна. Но на крај статистиката покажува нешто друго.
КАКО СЕ ДОБИВААТ БОДОВИ ЗА ФИФА НАГРАДАТА?
- Гласањето се одвива во четири етапи. Гласаат капитени на репрезентации, селектори, новинари од секоја земја и навивачи кои ќе се регистрираат на специјалниот сајт на ФИФА.
Номинирани играчи има 10. Нив ги определува жири во кое се наоѓа на пример еден великан како Чави.
Првото место во секој билтен носи по 5 бода, второ место 3 бода, трето место 1 бод. Значи секој може да гласа кому дава 5, кому 3, кому 1 бод.
Потоа сите првични бодови се сумираат и кој добил најмногу заработува плус 12 бодови. Играчот со втор најголем учинок на бодови добива 10 бода плус итн. Максимум има 48 бода во 4 категории.
Меси победил во гласањето во три категории: него го избраа капитени, навивачи и тренери. А новинарите убедливо најмногу го гласале Ван Дајк.
Лионел добил 47 гласа од капитените, 45 од тренерите и 43 од новинарите. А Ван Дајк 41 од капитените, 41 од тренерите и дури 71 од медиумите.
Во случај да беше стариот систем, користен пред разединувањето на ФИФА со France Football кога се користеа само првичните бодови (никакви дополнителни бодови и навивачи немаа право на учество), Ван Дајк би ја однел наградата.
Еве го списокот на репрезентации чии селектори го ставиле Меси втор и не му дале бодови на Ван Дајк:
Албанија
Самоа
Ангола
Азербејџан
Колумбија
Конго
Костарика
Чешка
Габон
Гана
Гвинеја-Бисао
Иран
Италија (Манчини)
Северна Кореја
Руанда
Сенегал
Словачка
Сент-Винсент и Гренадињ
Таити
Турција
Вануату
Венецуела
Виетнам
Кочениот резултат синоќа беше 1.117 гласа за Меси против 1.088 гласа за Ван Дајк. Поразот на Холанѓанецот кој притоа игра стопер и не е толку голем.
КОЈ ЗА КОГО ГЛАСАЛ?
Кристијано, Меси и Ван Дајк се капитени на своите репрезентации така што исто гласаа за играч на годината.
Кристијано Ронадло го игнорирал Меси и најмногу бодови му дал на соиграчот од Јувентус Матејс Де Лихт (второ место му дал на Френки де Јонг а трето на Килијан Мбапе). Лионел го ставил Роналдо на второ место. Прво според него бил Садио Мане а трет Де Јонг. Ван Дајк гласал вака: Меси, Мане, Салах.
Селекторот на Германија Јоаким Лев гласал за Азар, Мбапе и Мане, а капитенот на Германија Мнауел Нојер за Ван Дајк, Мане и Азар.
„Луѓето гласаа, тие го избраа Меси. Јас бев близу. Не сметам дека нашата игра може да се споредува. Тој е напаѓач, јас сум дефанзивец. Меси е величествен фудбалер, можно е најдобар во историјата. Многу сум среќен за него, воопшто не ми е криво. Веќе кажав дека екипните трофеи ми се поважни од поединечните. А ова признание е само бонус плус“, изјави Холанѓанецот Ван Дајк.
МЕСИ ВТОР ПАТ ПО РЕД ГО СТАВА РОНАЛДО ВО ТОП3, А КРИСТИЈАНО НИКОГАШ НЕ ГЛАСАЛ ЗА НЕГО
Лионел и Кристијано до 2018 година никогаш не гласале еден за друг во изборот за играч на година од ФИФА. Минатата година Аргентинецот првпат гласал за Португалецот (го стави трет на листа), а Кристијано продолжува да го игнорира Меси.
Неодамна на иста гала вечера организирана од УЕФА, Роналдо јавно и отворено го покани Меси на ручек, но духот на ривалството никогаш не исчезна.
Други интересни детали:
- Роналдо само еднаш во најдобрата тројка ставил играч од Барселона (Чави). Годинава гласал за Де Јонг, но очигледно е дека Португалецот е импресиониран од Френки како играч на Ајакс кој го исфрли Јувентус од четвртфинале на Лига на шампиони.
- Меси два пати ставил играчи на Реал Мадрид во изборот на најдобар фудбалер - Роналдо и Модриќ во 2018 (Ди Марија во летото 2014 премина во Манчестер Јунајтед).
- До преминот во Јувентус, Кристијано три пати бирал играч кој не е од Реал Мадрид (Фалкао, Чави и Снајдер). Откако замина од Реал, пак не бираше играч од „кралскиот клуб“ (лани гласал за Де Лихт, Де Јонг и Мбапе).