Гласањето на ФИФА наградите оди по старата шема како и секоја година, со давање гласови на сите селектори и капитени како и на по еден новинар од секоја земја.
Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев гласаа како синхронизирани. Тие сметаа дека за играч број 1 во светот за 2019-та треба да биде прогласен Вирџил Ван Дајк на кој и двајцата му доделија по 5 поени.
На Садио Мане му дадоа по 3, а на Мохамед Салах по еден поен. Но наградата сепак на крај ја лапна Лионел Меси. Македонскиот новинар Мијалче Дургутов на Аргентинецот му додели 3 поени, на Салах 5, а на Ван Дајк еден.
Што се однесува до Меси и Роналдо, Португалецот и натаму е тврд орев и нема намера да го признае својот ривал. Кристијано му даде 5 поени на својот клупски колега Матијас де Лихт, 3 на Френки де Јонг и еден на Мбапе.
Меси нема проблем со тоа, па така на Роналдо му додели 3 поени, 5 на Мане и еден на Де Јонг.
Клик тука за да прочитате како се добиваат бодови и со колкава разлика Меси го победил Ван Дајк.