Кога еден тренер ќе реши да го повлече од игра Кристијано Роналдо во 55-та минута, особено во лига како италијанската, каде се следи секој детаљ кај актерите, тогаш нема шанси да помине случајот без медиумско внимание и анализа, што е работата?
Особено што ова му е втора измена во рок од четири дена, бидејќи Сари го извади од игра и против Локомотив Москва. Тоа не му се случило од мај 2018-та кога излегол против Виљареал и Барселона како играч на Реал.
Кристијано едвај му пружи рака на Дибала и со намуртена фаца излезе од терен и замина директно во соблекувална. Но проблемот не е само во тоа, туку тоа што си заминал дома 3 минути пред да заврши средбата.
Антонио Касано објаснува дека и тој еднаш постапил исто, ама го вратиле само поради една причина од која може да се изеде дебела казна.
„Роналдо не смеел да си оди во тој тајминг, бидејќи после секој натпревар има антидопинг контрола и поради тоа можел многу да си ги искомплицира работите. Пред 12 години на дербито Рома – Лацио, Капело ме извади од игра и јас тргнав да си одам дома, исто како него. Но морав да се вратам, бидејќи ако ме извлечеа за антидопинг тест ќе добиев две годишна суспензија“.
Кога сме Фабио Капело, тој изјави дека Сари постапил правилно, а Роналдо нема издриблано играч три години.
„Еден играч треба да биде шампион и кога ќе биде заменет, а не само кога работите на терен одат добро. Роналдо не е баш во форма, за разлика од Дибала и нема издриблано играч три години. Се сеќавам како ги дриблаше по неколку, но сега не го прави тоа, како што го прават Даглас Коста и Дибала. Да бев на местото на Сари ќе одев во соблекувална да разговарам со него. Ќе му кажев дека треба да има респект спрема соиграчите и дека ако го извадам, значи дека сакам да го добијам мечот“.
Твитерџиите веќе објавија видео од слабиот перформанс на Роналдо.
Ronaldo: "I'm different from other players who think their careers are over when they're my age, I want to show that I'm not like the others, I'm different. Players of my age go to China or Qatar"
— Ⓜ️σnσlíth° (@Monolith10i) November 10, 2019
Also Ronaldo: pic.twitter.com/fkHIeeATrk
Но постојат и тврдења дека има проблем со коленото.
🚑Here the true informations & not the circus of some medias: CR7 has an hematoma in the internal ligament of the right knee after a knock at training 15+ Days ago. No distortion per luck, but an imbalance in the supports, it causes pain up (thigh, adductor) and down (calf). pic.twitter.com/HL9L05aouE
— 💫 (@Twitugal) November 11, 2019
Ова е моментот кога Сари ја направи измената
Looooool no way Cristiano Ronaldo subbed off and booed by Juve fans? Dont kill me 😭😭pic.twitter.com/ifdt1xcGAG
— Ahmed ∞ (@MessiCuIe) November 10, 2019
Роналдо денеска на Инстаграм не покажа некое незадоволство, како што тоа изгледаше синоќа, туку објави слика и напиша: Тежок меч, важна победа.