Додека новинар му поставува прашање на Златан Ибрахимовиќ, камерман, режија, студио, соиграчи, тренери, сите очекуваат да слушнат што следно ќе развали Ибра. Човекот е луд заебант и нема утка во одговорите.
На 1 јули 2009-та стартуваше ерата на Бернабеу наречена Кристијано Роналдо. 10 години подоцна во најкуси бројки таа може да се раскаже вака: 438 натпревари, 450 гола, 15 трофеи, 4 Златни топки, 1 легенда.
Португалецот фудбалски созреа во Манчестер Јунајтед каде беше од 2003 до 2009 година. Во овој период на 196 средби постигна 84 гола, а со неговите дриблинзи го зачудуваше светот.
Во една ултра луксузна вила јужно од нас, две години по ред доаѓа на одмор гостин од Јуве со годишна плата од 30 милиони евра, јака женска и четири деца. Тој не само што ужива господски, туку им остава бакшиш на домаќините со кои може цело лето да имаат за добар џепарац.
После болниот пораз од Грција во финалето на Европско 2004 на домашен терен, Кристијано Роналдо остана единствениот од таа генерација кој и ден денес игра за репрезентацијата. Со Португалците синоќа го освои пехарот во Лига на нации откако во финале ја совладаа Холандија 1:0.
Кристијано Роналдо има 34 години, а неговиот чувар Кевин Мбабу 24 или да не е обратно? Кај ја потепа Швајцарија со хет-трик, па уште и душа му зема на малиов.
Јувентус го прослави 35 скудето во историјата, 37-мо според толкување на клубот и навивачите (оние титули од Калчополи). Прославата мина интересно. На трибини беа Арон Рамзи и Џиџи Буфон, Барѕаљи (38 години) се прости од Јуве, Алегри го поздравија навивачите, а Роналдо го опна син му по глава со трофејот.
Во напнатиот и тензичен меч меѓу Рома и Јувентус (2:0), најголемиот конфилкт го имаа Алесандро Флоренци, капитенот на Рома и Кристијано Роналдо кој направи многу нечовечки потег.
Со триумфот од 2-1 против Фиорентина, Јувентус по 35. пат стана шампион на Италија. Ова е 8-мо скудето на Јуве по ред и тоа е рекорд не само во Серија А, туку и во сите Топ-5 лиги во Европа.
Кога победува се стега со тоа коцките, кога губи си оди и не ферма никого. Ниту им честита на победниците, ниту им застанува на новинарите во микс зона. Кристијано Роналдо е лузер кога ќе се соочи со ваков пораз и не се научи на некои манири и покрај нивото до кое стигна во кариерата.
Најдобриот играч на сите времиња според многумина, има астрономски договор со американскиот гигант за спортска опрема. Португалецот, како амбасадор на Најк треба да го чува своето тело и да не отсуствува од фудбалските терени повеќе од договорениот период.
Не го сфаќајте ова како некакво правило, пошто не е, туку само како факти од кои можеби ќе произлезе да гледаме супер интересно и неизвесно финале меѓу гигантите Јувентус и Барселона или во превод дуел Меси – Роналдо. Зарем некој има против? Освен фановите на Јунајтед и Ливерпул се разбира.
Секој што седел во маало на клупи со Горско и соленки од 10 денари го разбира оној студентски живот каде 100-ка ја цениш како 1000-ка. Добро сторијава со студентов од Англија е сосема поинаква, ама ние си сакаме парарели. Без разлика што сме штеделе за во град, а тој за два светски стадиони, сепак го жалиме.
На човек со 5 златни топки и 5 трофеи во ЛШ тешко е да му најдеш маана. Слободните удари уствари него му се далеку од маана, бидејќи ги гаѓа јако, ама на Мундијалот во Бразил кога се најде во една слична ситуација како вчера Пјаниќ, што да ви кажеме. Кристијано Шумуликоски.
Кристијано Роналдо многу ретко во кариерата отсуствувал од фудбалските терени, а синоќешната повреда на мечот со Србија нè натера да направиме кратка ретроспектива на овој сегмент од кариерата на Португалецот.
Португалецот му даде три гола на Атлетико и не ни претпоставувал дека му помогнал на клубот од кој замина минатото лето, да заработи околу 500.000 евра повеќе.
Не е ова некој официјален натпревар кој има резултатска важност, ама затоа се работи за меч на кој Кристијано Роналдо го постигна еден од најубавите голови од слободен удар во кариерата. Можеби ќе се присетите на оваа бомба. Само 22 години има тука.
Имаме интересно видео со споредба на осум светска класа напаѓачи на кои им се прикажува реализацијата во секоја нивна возраст од кариерата. Во младоста најмногу растураат Агуеро и Руни, ама потоа едни други двајца им го земаат приматот и се качуваат на тронот каде се недостижни. 1.327 голови имаат заедно. Неверојатно.
Ресторан во Торино во вторник навечер после Лига на шампиони. Амбиентот мирен, луѓето си вечераат. Поминува Роналдо после хет-трикот со Атлетико и се пореметува и амбиент и сè.
Во Јунајтед отиде на 18 години, млад, незрел и невоспитан (фудбалски). Фергусон го зема под свое и го направи човек, а Гигс, Кин, Фердинанд и компанија го клоцаа на тренинзи за да го исчеличат и за да разбере дека фудбалот не се состои од пењавење на топката. Вака го тупеше тогаш. Сега е скроз друг.
Во ера кога е неизбежно кафанско докажување дека играч се мери по она што го прикажува на терен, а не по тоа колку гел има на косата, вака изгледа расправата меѓу оној кој фудбалот го разбира и оној кој гледа низ призма на его трип.
Уште од голот на Гросо 2006 во Дортмунд Италија не била обединета како синоќа. Камбекот на Јуве против Атлетико го славеа и честитаа и оние од Рим и од Неапол и од Калабрија. А сè благодарение на човекот кој изнесе најголем товар на грб и ја сработи својата работа.
Откако тренерот на Атлетико на првиот меч непримерено гестикулираше големи мадиња, Португалецот синоќа после еден од трите гола возврати со иста мерка. Симеоне за гестот беше казнет со 20.000 евра.
Кристијано Роналдо вечерва го постигна осмиот хет-трик во ЛШ и се израмни со Меси. Ова беше перфектна партија за португалскиот ас каква што можеше само да посака. Пазете му ја играва еден на еден со Коке.