Веќе некое време кога Роналдо ќе даде гол се стрчува, прави едно воздушно вртење, ги испружува рацете, се стега и вришти. Глетка позната во цел свет.
Како што кратенката CR7 стана негов бренд, така оваа прослава, недопадлива за сечиј вкус е веќе синоним на неговите голови.
Кристијано објаснува дека се работи за спонтан момент од претсезонски натпревар одигран пред шест години.
„Тоа почна на пријателски меч против Челси во САД. Навистина не знам како се случи. Дадов гол и едноставно ми дојде. Искрено, тоа беше природен потег. Потоа сфатив дека уживам и почнав да го правам почесто. Забележав дека им се допаѓа и на навивачите, па продолжив објаснува Роналдо
Интересна беше ситуацијата кога Карло Анчелоти фати да го имитира и тоа додека му беше тренер на Реал.
Во Кореја пред неколку дека пред очи му се радуваа така, ама чисто поради респект.