Таг: кристијано роналдо

Комичната епизода на Роналдо со Кедира и топката во лице

Јувентус рутински со 0-3 го совлада Сасуло на гости и продолжи сигурно да вози кон скудетото. Головите ги дадоа Кедира, Роналдо и Џан, а првите двајца беа дел од комична епизода во 61’ минута

Кристијано Роналдо доаѓа во Скопје

Не е скриена камерна, ниту априлилили (февруари сме). Фудбалерот со 5 титули во Лига на шампиони и со планетарна слава наскоро ќе дојде во Македонија. По трет пат.

Излезе од семејство кое не е за пример и стана перфектна машина за голови која не зарибува ниту на 34 години

Не добил помош од татко му, туку тој му дал на него. Не добил помош од брат му, туку тој му дал на него. Излегол од семејство во кое тешко можел да се надева и на помош од мајка му, бидејќи се борела со двајца неотракани мажи.

Кристијано ѝ подарил дрес на девојката што ја повреди со топка

Роналдо имаше турбулентна недела. Прво на загревање пред Киево со силен шут погодил некоја девојка од трибините во лице и ѝ го скршил носот. Па во тек на мечот промаши пенал, па беше на судење за затајување данок во Мадрид.

Утка на денот

Во ден кога цела светска фудбалска јавност се моли за животот на Емилијано Сала, чиј авион исчезна во понеделникот во Ла Манш, Кристијано Роналдо окезен ко Џулија Робертс, прави селфи во авион. Ќе му го препишеме како непромислен и избрзан потег кој наиде на доста критики.

Роналдо за 15 минути си ја плати слободата вредна 19 милиони евра

Откако синоќа настапи на мечот Јуве – Киево 3:0, Роналдо немаше слободен ден за рекуперација, туку утринава веднаш замина за Шпанија за се отараси од затворска казна од која со многу пари се отарасуваат сите богати фудбалери.

Пенал на Роналдо му одбрани голманот на кого лани му скрши нос

Кристијано Роналдо синоќа имаше одлична шанса да се издвои на врвот од листата на најдобри стрелци во Серија А, но не даде гол против Киево.

Да го поздравиш и да ми го бациш

Туристите го прославија машкото достоинство на статуата на Роналдо. Секој втор-трет турист во градот Фуншал го допира делот кој неизбежно запаѓа во око кога се сликате.

Кристијано Роналдо за малку ќе станел врвен пингпонгар

Надалеку е позната анегдотата кога Рио Фердинанд „го искинал“ на пинг-понг пред соиграчите од Манчестер Јунајтед кои урлале и се смееле, па Роналдо кивен што изгубил, го натерал брат му да му купи маса за пинг-понг и се усовршил.

Навивач на Рома ги изремети Мадриѓаните на Олимпико

Колку и да мислат дека можеби неговиот циклус на Бернабеу заврши каде тој му даде сè на клубот, сепак нема шанси да не ги пецнало ова. На мечот од ЛШ меѓу Рома и Реал, италијански навивач, наверојатно романист, си играше мајтап со гостите, покажувајќи им ја 7-ца на Јуве.

Девојката која прави пародија од пеналите на фудбалерите

Носи дрес од секоја мега фудбалска ѕвезда, го соблекува претходниот и неверојатно ги имитира изведбите на пенали.

Како изгледа еден работен ден на Роналдо

За да бидеш јак како Кристијано Роналдо, треба да си к`не за работа како него, да си дисциплиниран како него и да имаш такви предиспозиции. Човекот ништо не остава на случајноста, впрочем и како ќе направи такви коцки на стомак.

Селфи со Роналдо во многу погрешно време и погрешно место

По завршувањето на дербито со Јувентус (0:2), еден млад стопер на Милан кој беше на клупата за резерви, Раул Беланова отишол да прави селфи со Кристијано Роналдо во соблекувалната на Јуве. 18-годишниот Беланова жив радосен а тој што ги сликал не приметил дека во позадина Кјелини е пиштол гол.

Митот за тоа колку стомачни вежби прави Роналдо на ден

Како што на времето постоеше анегдота дека Синиша Михајловиќ има страшно силен шут поради тоа што наводно правел по 2.000 стомачни сабајлечки, така и денес се плетат разни анегдоти околу стомачните на Кристијано Роналдо.

Гардероберот на Манчестер Јунајтед кој поминал и добро и лошо со клубот

Легендарниот Алберт Морган станал гардеробер (кабинер) во Јунајтед во 1996 година - тогаш Бекам стана суперѕвезда, Фергусон го купи Солскер, а Норман Дејвис, првиот гардеробер задолжен за дресови во историјата на Манчестер, заминал во пензија.

Голчиште на Роналдо за 3 бода на Јуве

Фудбалерите на Емполи имаа изненадувачко водство од 1:0 на полувреме на дуелот против апсолутниот фаворит Јувентус. Но инвестицијата на италијанскиот шампион вредна 112 милиони евра не се исплати само поради продажбата на дресови која одеше како алва. Португалскиот ас го сврте мечот со гол од пенал и бомба во агол за конечни 1:2. Сега има 7 гола на 10 меча, два помалку од Пјонтек.

Посебната поврзаност на Роналдо со Олд Трафорд

Кога Кристијано Роналдо беше потиштен од тага за црвениот картон во првото коло од ЛШ, многумина сметаа дека се плаши од суспензија која нема да му дозволи да се врати на Олд Трафорд. Местото каде се создаде нераскинлива врска меѓу него и публиката.

Пантерската интервенција на Де Хеа против Роналдо

Поразот на Манчестер Јунајтед од Јувентус е 0:1, само поради извонредниот Давид де Хеа. Овде човек не може да не се воодушеви на страшниот удар во трк на Кристијано кој упати проектил во агол, кој изгледаше дека е неодбранлив. Како ли само успеа да го скроти ова шпанскиот голман?

Нов гол на Роналдо за Јувентус

Во 18’ минута од мечот Јувентус - Џенова, Кристијано Роналдо го постигна петтиот гол во Серија А откако дојде во италијанското првенство а воедно стана и првиот фудбалер на светот кој постигнал вкупно 400 гола во Топ5 лигите на Европа. Горан Пандев мечот го почна од клупата за резерви.

Роналдо топ не го бие, пак даде гол

Соочен со сериозни обвинувања за силување на Американка чии адвокати му бараат 200.000 евра оштета за претрпена психичка тортура, Кристијано Роналдо на теренот не изгледа дека е загрижен. Вечерва даде гол во триумфот на Јуве против Удинезе на гости од 0:2.

На Роналдо му бараат 200.000 долари и му дале 20 дена да размисли

Португалскиот ас е обвинет дека наводно во 2009 година во еден хотел во Лас Вегас извршил сексуално насилство врз девојка од САД која скоро решила да проговори за тоа кај адвокатите и да му бараат на Роналдо огромна сума на пари како оштета за претрпеното психичко растројство.

Дебито на Кристијано Роналдо во ЛШ

Поминаа 15 години од првиот настап на моментално најдобриот стрелец во клупското натпреварување кое со душа ќе го гледаме и овој вторник и среда. Шансата му ја даде Сер Алекс Фергусон, а младиот Роналдо успеа да изнуди пенал.

Љубителот на овци од Задар заслужено најдобар фудбалер на светот

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ ја доби наградата во Лондон од ФИФА за најдобар играч на годината и ја прекина доминацијата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои владеат од 2007 година.