Модриќ враќај ја Златната топка, Кристијано ги затна хејтерите

Во ера кога е неизбежно кафанско докажување дека играч се мери по она што го прикажува на терен, а не по тоа колку гел има на косата, вака изгледа расправата меѓу оној кој фудбалот го разбира и оној кој гледа низ призма на его трип.

Хејтери: „Со репрезентација ништо нема освоено. Португалија е селекција од еден играч“.

Одговор на Роналдо: И покрај критиките, собра колектив околу себе и освои Европско првенство.

Хејтерите: „Е што Роналдо, дава голови со некој таму Волфсбург и Велс, а со јаки екипи се губи. Во финале за него играат други играчи.“

Одговор од Роналдо: Пет гола против Баерн Минхен и два против Јувентус во финалето на Лигата на шампиони 2017.

Минатата сезона Кристијано сам ги урна шампионите на Франција, Италија и Германија и стана најдобар стрелец во Лига на шампиони СЕДМИ пат по ред.

Хејтерите: „Да, таков егоист и самобендисан лесно му е да дава голови кога му местат“

Одговор на Роналдо: Минатата сезона стана најдобриот асистент во Реал Мадрид за последните 25 години со што го надмина легендарниот Раул по овој показател.

Хејтерите: На Светското 2018 Роналдо ништо нема да направи. Таму Шпанија ќе се прошета во групната фаза, а он може од пенал со Иран и Мароко да даде.

Одговорот на Роналдо: Хет-трик против Шпанија при што сите голови ги заврши сам. На првиот меч од групната фаза против „Црвената фурија“ тој заработи пенал и го реализираше. А потоа заработи слободен удар и постигна преубав гол. Капитен капитенски.

Најголем адут на хејтерите на Роналдо е тоа што на единственото финале во Лигата на шампиони како играч на Манчестер Јунајтед против Лионел Меси, загуби. Тоа беше прва и последна нивна средба во финале на главниот клупски турнир во Европа.

Хејтерите: Судено му е да биде вечно втор, после големиот Меси.

Одговорот на Роналдо: Кристијано едно време заостануваше по бројот на освоени пехари во ЛШ зад Меси (1:3 и 2:4), но направи „Златен хет-трик“ со Реал и го надмина величествениот Аргентинец по бројот на трофеи.

Кристијано стана првиот играч во историјата на Лига на шампиони кој освоил 5 (пет) титули.

Хејтерите: „Ќе биде уживанција да се види како од прв ред Роналдо гледа како Меси ја добива Златната топка.“

Одговорот на Роналдо: Кристијано ги замолкна скептиците со неверојатен кам-бек во трката за наградата „Златна топка“. Не само што го стигна Меси кој имаше 1:4 туку и 3:5 во вкупниот број освоени трофеи.

Хејтерите: Роналдо дава голови и освојува награди благодарение на соиграчите. Да не му се Модриќ и компанија ќе го видиме.

Одговорот на Роналдо: Хет-трик против еден од фаворитите за освојување на Лига на шампиони додека Реал дома беше потопен од скромниот Ајакс.

Хејтерите: Роналдо не вреди 94 милиони колку што му плати Реал Мадрид на Манчестер Јунајтед за тогаш најскапиот трансфер во историјата.

Одговорот на Роналдо: После 10 години отиде во Јувентус за уште поастрономска сума - 112 милиони евра! И уште во првата сезона ги оправда вложените пари.

Во моментов Роналдо има 8 хет-трика во Лига на шампиони (толку има и Лионел Меси). Португалецот во осминафиналната фаза од ЛШ има 29 меча и 23 гола.

Против Атлетико дал неверојатни 25 гола во сите натпреварувања. Повеќе дал само против Севиља - 27.