Легендарниот Алберт Морган станал гардеробер (кабинер) во Јунајтед во 1996 година - тогаш Бекам стана суперѕвезда, Фергусон го купи Солскер, а Норман Дејвис, првиот гардеробер задолжен за дресови во историјата на Манчестер, заминал во пензија.
Фудбалерите на Емполи имаа изненадувачко водство од 1:0 на полувреме на дуелот против апсолутниот фаворит Јувентус. Но инвестицијата на италијанскиот шампион вредна 112 милиони евра не се исплати само поради продажбата на дресови која одеше како алва. Португалскиот ас го сврте мечот со гол од пенал и бомба во агол за конечни 1:2. Сега има 7 гола на 10 меча, два помалку од Пјонтек.
Кога Кристијано Роналдо беше потиштен од тага за црвениот картон во првото коло од ЛШ, многумина сметаа дека се плаши од суспензија која нема да му дозволи да се врати на Олд Трафорд. Местото каде се создаде нераскинлива врска меѓу него и публиката.
Поразот на Манчестер Јунајтед од Јувентус е 0:1, само поради извонредниот Давид де Хеа. Овде човек не може да не се воодушеви на страшниот удар во трк на Кристијано кој упати проектил во агол, кој изгледаше дека е неодбранлив. Како ли само успеа да го скроти ова шпанскиот голман?
Во 18’ минута од мечот Јувентус - Џенова, Кристијано Роналдо го постигна петтиот гол во Серија А откако дојде во италијанското првенство а воедно стана и првиот фудбалер на светот кој постигнал вкупно 400 гола во Топ5 лигите на Европа. Горан Пандев мечот го почна од клупата за резерви.
Соочен со сериозни обвинувања за силување на Американка чии адвокати му бараат 200.000 евра оштета за претрпена психичка тортура, Кристијано Роналдо на теренот не изгледа дека е загрижен. Вечерва даде гол во триумфот на Јуве против Удинезе на гости од 0:2.
Португалскиот ас е обвинет дека наводно во 2009 година во еден хотел во Лас Вегас извршил сексуално насилство врз девојка од САД која скоро решила да проговори за тоа кај адвокатите и да му бараат на Роналдо огромна сума на пари како оштета за претрпеното психичко растројство.
Поминаа 15 години од првиот настап на моментално најдобриот стрелец во клупското натпреварување кое со душа ќе го гледаме и овој вторник и среда. Шансата му ја даде Сер Алекс Фергусон, а младиот Роналдо успеа да изнуди пенал.
Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ ја доби наградата во Лондон од ФИФА за најдобар играч на годината и ја прекина доминацијата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои владеат од 2007 година.
Прашање кое веројатно никогаш нема да има одговор затоа што имало и има толку многу мајстори зад топката кои изведуваат слободен удар и даваат гол кога сакаат.
Црвениот картон на Кристијано Роналдо, денеска очекувано е топ тема на социјалните мрежи. Едни го бранат и сметаат дека судиската одлука е престрога, а други велат дека нема што да бара кај главата на Муриљо. Ние па налетавме на ист таков пример со познат македонски играч, со таа разлика што нашиов имаше што да фати. Плус имало и друг прекршок на Роналдо од истата акција.
Кристијано Роналдо вечерва се врати на шпанско тло, но првиот меч за Старата Дама во елитното натпреварување не му се потрефи. И да е во право, нема потреба многу да драматизира бидејќи неговите тепаа на Местаља и без него.
На овој преубав ден на кој стартува новата сезона 2018/2019 од Лига на шампиони, одиме со најважните бројки од групната фаза на најелитното клупско европско натпреварување. Марко Балота уште никој не го стигнал.
Четвртото коло од Серија А се покажа ептен бериќетно за Кристијано Роналдо. Никаде го немаше на првите три средби, ама затоа против Сасуоло му тргна со деби гол во 50-та минута и потоа уште еден во 65-та. Немаше стрелано 344 минути. Јувентус - Сасуоло конечни 2:1.
По три мачни кола и за него и за цела светска популација која цупкаше со нозете, мега ѕвездата стигна до долго посакуваниот деби погодок за Јувентус. Посреќен не можеше да биде. Играч на Сасуоло ја удри несмасно топката со глава, а таа се одби од земја, па во статива и од таму на тацна кај Роналдо на сама гол линија.
По три изминати кола, Кристијано Роналдо го нема меѓу стрелците во Серија А, ама тоа не значи дека не привлекува внимание. Доволно е само да се појави на тренинг и да направи по некоја чудесија за која сега сите коментираат.
Ја имаме листата на плати на сите екипи, играчи и тренери од италијанското фудбалско првенство. Споредено со најплатените петмина во Европа, тие изгледаат смешно. Или па можеби ова во Италија е некоја нормала за разлика од нив. Кој што сака нека каже, ама преплатени се суперѕвездиве.
Монотонијата со споменици, стари градби и други разни знаменитости во центарот на Торино е разбиена со еден подолг спортски информативен текст на тема фудбал. Се работи за рекордите и успесите на Кристијано Роналдо за кои туристите не мора да гуглаат.
За да можеш да си го дозволиш Кристијано Роналдо не ти се доволни само 100 и кусур милиони за трансфер, туку уште плус многу пари за да му ја дадеш астрономската плата што ја бара, а истовремено никој да не се буни во тим.
„Неговата биографија треба да се вика Milagrero Жорже Мендеш“, рекол Кристијано Роналдо за неговиот најдобар пријател и менаџер Жорже Мендеш. Milagrero во превод значи чудотворец.
Како ретко кога вљубениците во италијанскиот фудбал имаат многу адути за на маса кога ќе дискутираат со оние кои, додуше со право, слепо им веруваат само на Премиер лига и шпанска Примера.