Реал Мадрид заостанува 2 бода зад Атлетико и 9 зад Барселона во шпанскиот фудбалски шампионат, а пред два дена беше убедливо совладан од ривалот Барселона со 0:3 и елиминиран од Копа деј Реал. И сега единствената шанса за да ја извадат сезонава, ултра тешка за освојување по четврти пат им е ЛШ.
Она што беше за очекување да се види во сред сезона, еве го се докажа. Кралевите се послаби без Роналдо и тоа е факт, не само поради резултатите туку и поради најважните бројки, а тоа се головите, нешто за кое Португалецот беше монструм.
Момците на Солари ја бележат најслабата сезона во последните 10 изразена во ефикасност. До сега имаат постигнато вкупно 87 голови на сите натпреварувања или 16 помалку од послабите сезони од оваа (2010/11, 2012/13 и 2017/18).
Реал постигнува 2,02 голови во просек по натпревар. Во споредба со другите Барселона во средата на Бернабеу стигна до 100-ка и има просек од 2,43.
Манчестер Сити под водство на Гвардиола погодува во просек по 2.68 пати на натпревар и има 94 погодоци на 35 средби, а ПСЖ веќе во март месец ја мина 100-ка и има 108 голови на 36 средби.
Бројот на голови на Реал Мадрид последниве 10 сезони точно во оваа фаза од сезоната.
2009/10 вкупно: 104; дома: 55
2010/11 вкупно: 103; дома: 63
2011/12 вкупно: 131; дома: 73
2012/13 вкупно: 103; дома: 57
2013/14 вкупно: 116; дома: 57
2014/15 вкупно: 116; дома: 57
2015/16 вкупно: 119; дома: 71
2016/17 вкупно: 122; дома: 53
2017/18 вкупно: 103; дома: 45
2018/19 вкупно: 87; дома: 37
Инаку прв стрелец во Серија А е: