За време на зимскиот преоден Јуве го напушти само мароканскиот стопер Бенатија на чие место дојде Мартин Касерес.
Но ова не значи дека „бјанконерите“ спиеле зимски сон, напротив, направиле многу напори финансиски повторно да отидат во плус по трансферот на Кристијано Роналдо минатото лето.
Јуве продал неколку малку играни фудбалери за одлични пари и практично ги вратил оние потрошени за Португалецот минатото лето.
Договорот на Аудеро го откупила Сампдорија за 20 милиони евра, Стураро е даден на позајмица со право на откуп во Џенова за 16,5 милиони евра, Алберто Чери премина во Каљари за 9 милиони евра. Јувентус се договорил и со Болоња околу трансферот на ултра-талентираниот Орсолини кој е на прагот од Болоња за 7 милиони евра.
Сево ова значи дека Јувентус ќе заработи милиони евра за четворица фудбалери кои практични никогаш не заиграа во црно-белиот дрес.
Клубот од Торино скоро ќе ја наполни касата и со дополнителни 12 милиони од зделката со Џенова за Фавили. Да не заборавиме притоа дека минатото лето го продадоа Калдара во Милан за 35 милиони евра и Мандрагора во Удинезе за 20 милиони.
Калдара (35), Стураро (18), Аудеро (20), Мандрагора (20), Чери (9), плус Фавили (најверојатно 12 милиони стои во соопштението).
Огромна заработка без да се продаде ниту еден важен првотимец.
Јувентус и во минатото правеше маестрални потези со слободни играчи.