„Син ми од близу ги има видено сите штети кои ги прават дрогата и алкохолот и затоа ги мрази сите видови на пороци. Неговата единствена дрога од секогаш е фудбалот.
Мојот сопруг Динис (таткото на Кристијано) пиеше до смрт, додека мојот постар син Хуго почна да се дрогира кога Кристијано имаше 14 години.
Без разлика што син ми му зборуваше дека треба да се излечи од пиење алкохол, Динис никогаш не сакаше да престане. Беа нераздвојни пред Кристијано да го напушти Фуншал за да го следи својот сон.
Најтажната работа е што не успеа да види каков шампион и човек стана.“, ќе каже неговата мајка Мариа Долорез.
Но и покрај ужасното детство со татко пијаница и брат наркоман, тој уште како тинејџер знаел кој пат да го фати. Оној кој го направи човечка машина која произведе 675 голови.
Има 34 години, возраст на која едни можат 60 минути на терен, други се повредуваат, а трети се откажуваат.
Но тој во години кои се сметаат за ветерански во фудбалот, направи трансфер во лига каде во моментов е прв стрелец со 17 голови на 22 меча. И тоа лига позната по тоа што се пази најмногу на одбрана.
Плус да не зборуваме колку е к`не за работа и каква дефиниција на тело има. Билдерите му љубоморат на стомачните, а ѕвездите од шоу бизнисот на 153-те милиони следбеници на фудбалот.
Среќен 34-ти роденден на фудбалската икона на која ништо не можело да му го попречи патот за да стигне до планетарна слава и успех.
Бројкиве се посебна приказна.
🎉 Happy 34th birthday, @Cristiano Ronaldo!
— SPORF (@Sporf) February 5, 2019
🏟 788 Games
⚽ 675 Goals
🎯 246 Assists
🇵🇹 154 Caps
5 🏆🇪🇺 Champions League
4 🏆🌎 Club WC
3 🏆🏴 Premier League
2 🏆🇪🇸 La Liga
1 🏆🇪🇺 Euro 2016
5 🥇🌎 Ballon d'Or
3 🥇👟 Golden Boot
3 🥇🇪🇺 UEFA POTY
🐐 Elite. pic.twitter.com/dewwAp2Fng