Ниту е познат точниот датум за доаѓањето на Кристијано Роналдо во Скопје, ниту е познато зошто. Го носи газдата на универзитетот ФОН, Сефер Цановски кој само кусо на Фејсбук најави дека ќе му биде гостин, но не открива детали. Претпоставуваме од ПР причини.
За Кристијано Роналдо ова ќе биде трета посета во Македонија. Првиот пат скоро и да не го знаевме бидејќи дојде на квалификацискиот меч меѓу Македонија и Португалија У-21, одигран на 6 септември 2003-та. Мечот се одигра во Чаир, а Роналдо тогаш имаше 18 години. Штета што нема некоја снимка или фотка од тој меч.
Португалците предводени од екстра талентите Роналдо и Кварезма го дeкласираа тимот на Бобан Бабунски со 1:4, a во нашиот тим настапија Шиков, Гроздановски, Попов, Тасевски, Балдовалиев, Глигоров...
По 14 години, ете го повторно во Скопје за друг повод, финалето од УЕФА Супер Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Натпревар кој се одигра на арената Филип Втори на 8 август 2017-та. Место на кое Португалецот виде што е права влечка.