Таг: кристијано роналдо

Фановите на Роналдо бегаат од Реал и се лепат за Јуве

Кристијано Роналдо се очекува да направи бум во Серија А, нешто што веќе го прави во неговиот нов клуб. Откако со неговото доаѓање цената на акциите на Јуве пораснаа за 20%, социјалните мрежи на Старата дама го бележат следниот бесен скок: +1,4 милиони следбеници на Инстаграм, 1,1 милиони на Твитер и 500.000 на Фејсбук. Реал Мадрид за 24 часа изгуби 1 милион фанови.

Pray for Frosinone

Клубот со едно вековна традиција во трета и четврта лига, шест години стаж во Серија Б и само една во Серија А (следнава сезона ќе им биде втора), за малку ќе го имаше најдобриот фудбалер на светот во свои раце. Тие преговараа, а Јуве им го лапна пред очи и тоа скришно во Грција.

Монтажерот кој го однесе Роналдо во Шкендија

Седмицата на Роналдо веќе се штампа на големо во Торино, а кај нас па има до толку талентирани деца за Фотошоп што некој неук за фудбал може да клизне на фоткава.

Како Рома му посака добредојде на Роналдо во Италија

Најоткачениот твитерџија во Серија А работи за Рома. Знае да одлепи, многу добро да се зеза, ама и да провоцира. 

Фасцинантно видео на Реал посветено на Роналдо

Од човек кој се вика Кристијано Роналдо и во 9 сезони за клубот дава 450 голови и освојува вкупно 15 трофеи од кои 4 во ЛШ, тешко е да склопи видео за благодарам во минута, две или три. Кралскиот клуб го испрати Роналдо на кралски начин со страшно јака компилација на голови и пехари во раце која трае скоро 7 минути и се гледа во еден здив.

За време на Светско они за јајцата на Роналдо се фатија

Во денови кога Франција и Аргентина ти нудат натпревар со 7 голови од кои два евроголови, а две средби ни носат по 120 минути напнат и неизвесен фудбал, па пенали, еве ја “фудбалската дебата“ која ја баравме. 

Твитерџиите за слободните удари на Роналдо

Бидејќи во славеничката кореографија на головите влегуваат само стомачните мускули, Кристијано Роналдо на ова Светско кога шутира од прекин сака да ни покаже дека е развиен и на нозете. Тоа е сосема доволен материјал за Твитер заедницата.

Падна најубавиот гол на Светското, Португалија и Шпанија куртулија

Драматична завршница на последното коло од групата Б во Калининград и Саранск каде Шпанија и Португалија во судиското продолжение ги сменија позициите на табелите.

Иранци галамеле пред хотелот на Португалија, Роналдо излегол на прозор

Во пресрет на мечот кој ќе одлучува кој ќе оди во следна фаза, дали Португалија или Иран, навивачите на азискиот состав дошле пред хотелот на Португалија па Роналдо ги замолил од прозор да не прават бучава за да може да спие.

Пародија со Роналдо од дуелот против Мароко

Во паузите меѓу натпреварите на Мундијалот, некој решил слободното време да го искористи за да измонтира вакво нешто со две ситуации од мечот Португалија - Мароко во кои актер е се знае кој.

Роналдо е к`не за работа па и во пинг понг

Во споредбите меѓу Меси и Роналдо, фудбалските аналитичари знаат да кажат дека кај Меси повеќе се работи за талент и дарба, а Роналдо тоа ниво го има достигнато со работа и само работа. Имаме пример кој го потврдува тој менталитет на Роналдо.

Мароко играше, Португалија однесе три бода

Во првиот меч од второто коло во групата Б на Мундијалот, Португалија освои драгоцени три бода иако според играта Мароко заслужи да остане непоразен.

Од кај го извади спринтов Роналдо на 33 години?

Има еден детал од средбата меѓу Шпанија и Португалија кој можеби некој го забележал. Кристијано Роналдо во една контра истрча толку брзо, што изгледа како да го прелета теренот. Што од тоа? Епа стигна до рекорд број 3465456 во кариерата, односно стана најбрзиот фудбалер во светот со истрчани 38,6 километри на час.

Ни Рамос не го познава доволно добро Роналдо

Девет години играат заедно во Реал Мадрид и што се вика знаат како дишат меѓу себе, ама тоа не е никаква гаранција дека може да си одмогнат кога ќе се сретнат во репрезентативен дрес. Тешко можеш да му најдеш слабост на Кристијано, особено не од пенал. Рамос му покажа на Де Хеа каде да се фрли, а овој го послуша и се заеба.

Спектакуларно дерби Португалија - Шпанија, Роналдо фуриозен

Во дербито на првото коло видовме шест убави голови а Кристијано Роналдо постигна три гола од кои третиот за бод беше право ремек дело од слободен удар. Португалија - Шпанија 3:3.

Имаше ли пенал над Роналдо или не?

Уште во првиот напад на Португалија во 3’ минута Кристијано Роналдо тргна кон противничкиот гол и после еден дриблинг врз соиграчот од Реал Начо, падна на земја а Џанлука Роки досуди пенал против Шпанците.

Убав гест на Кристијано Роналдо со расплакано дете

Пред да тргне за Русија со репрезентацијата на Португалија, најдобриот фудбалер на светот во избор на ФИФА се симна од автобусот на селекцијата за да израдува едно дете кое плачеше по него.

Роналдо Јуниор има нешто на татко му

На пријателскиот дуел Португалија - Алжир 3:0, Кристијано Роналдо не беше меѓу стрелците, ама затоа тука беше син му кој по завршувањето на средбата имаше што да покаже. Ножичките не му успеаа, ама затоа фантастично го изимитира татко му со сув лист, удар кој за жал камерата не го ловеше до крај за да видиме каде заврши, а потоа ја плесна во агол за воодушевување меѓу публиката.

Бејл и Роналдо дале гол со ножички во иста минута

Прво Кристијано во Торино го матираше Буфон со страшни ножички, а во саботата Герет Бејл даде подеднакво луд гол. Се погоди двајцата да правеле „чилена“ во 63’ минута од мечевите.

Владетелот во Лига на шампиони

Гледаме фудбал во ера во која се поместуваат границите, што е добро бидејќи имаме што да им раскажуваме на внуците. Во саботата вечер една таква граница помести Кристијано Роналдо, првиот фудбалер кој стигна до 5 титули во најеминентното клупско европско натпреварување во овој формат.

Спектакуларен гол на Бејл и глупости на Кариус за 13-та титула на Реал

’Кралскиот клуб’ стана првиот клуб кој три пати по ред ја освои Лигата на шампиони откако вечерва во Киев убедливо го победи Ливерпул со 3:1.

Роналдо погоди фоторепортер па му ја даде опремата

За време на последниот тренинг на Реал Мадрид во Киев пред големото финале на Лига на шампиони, четирикратниот освојувач на овој елитен турнир погоди со топка еден фоторепортер па му се извини.

Време ли е Реал да ги освои Евролига и Лига на шампиони во една година?

Пред повеќе од 15.000 гледачи „кралскиот клуб“ ја освои кошаркарската La Décima, го симна Фенербахче од тронот и ја прослави титулата европски шампион во белградската Арена.

Меси е појак од Роналдо и крај

Може ли после оваа споредба да завршиме со тој муабет, м?