Дебито на Кристијано Роналдо во ЛШ

Поминаа 15 години од првиот настап на моментално најдобриот стрелец во клупското натпреварување кое со душа ќе го гледаме и овој вторник и среда. Шансата му ја даде Сер Алекс Фергусон, а младиот Роналдо успеа да изнуди пенал.

Роналдо во Лига на шампиони за прв пат се појави во квалификациите, кога влезе како замена во второто полувреме на мечот Спортинг - Интер 0:0, но сега зборуваме за деби настап во групната фаза.
 
Се работи за средбата меѓу Штутгарт и Манчестер Јунајтед одиграна на 1 октомври 2003-та година, која Црвените Ѓаволи ја загубија 2:1 од тогаш силниот состав на Феликс Магат, кој во тој момент беше лидер на табелата во Бундеслигата.
 
Фергусон го пушти тинејџерот со тогашни 18 години и 238 дена, тој ги одигра сите 90 минути и изнуди пенал кој Нистелрој го претвори во гол.
 
 
Фокусот од таа средба беше насочен и кон уште едно талентирано дете кое направи блескава кариера, а тоа е Филип Лам кој исто така дебитираше во ЛШ на истата возраст.
 
За Јунајтед на тој меч настапија:
 
Руд ван Нистелрој, Кристијано Роналдо, Џон О`Ши, Рио Фердинанд, Рој Кин, Тим Хауард, Микаел Силвестре, Фил Невил, Пол Сколс, Гери Невил и Рајан Гигс.
 
 
15 години подоцна, историјата за Роналдо во ЛШ ви е позната: 5 титули и најдобар стрелец со 120 гола.
 
Извинете за снимката, личи како да дебитирал заедно со Барези.

2 октомври 2018 - 10:13