Фудбалерите на Емполи имаа изненадувачко водство од 1:0 на полувреме на дуелот против апсолутниот фаворит Јувентус. Но инвестицијата на италијанскиот шампион вредна 112 милиони евра не се исплати само поради продажбата на дресови која одеше како алва. Португалскиот ас го сврте мечот со гол од пенал и бомба во агол за конечни 1:2. Сега има 7 гола на 10 меча, два помалку од Пјонтек.