По три мачни кола и за него и за цела светска популација која цупкаше со нозете, мега ѕвездата стигна до долго посакуваниот деби погодок за Јувентус. Посреќен не можеше да биде. Играч на Сасуоло ја удри несмасно топката со глава, а таа се одби од земја, па во статива и од таму на тацна кај Роналдо на сама гол линија.