Таг: кристијано роналдо

Податок на денот

Контроверзното судење од ЛШ се префрли во Ла Лига, овој пат повеќе на штета на Реал. Но од Ел Класико кое повеќе се играше за престиж, отколку за резултат овој пат најмногу вреди да се истакне еден страшен податок, можеби еден и единствен во фудбалот. Поврзан е со двајцата великани и најголеми фудбалски ѕвезди на планетава кои со по еден гол заедно стигнаадо еден чудесен рекорд.

Шесто финале за Роналдо - само тројца играле таму почесто од него

Ремито против Баерн Минхен (2:2) и триумфот во Германија го однесоа Реал во финалето на Лигата на шампионите - трето по ред за „Кралскиот клуб“ и 16-то во историјата.

И Пандев меѓу најпознатите случаи „давам гол и не се радувам“

Салах е експерт по материјава затоа што веќе даваше голови без да се радува против поранешните тимови Фиорентина, Челси и Рома. Величината ја докажуваа уште неколку други фудбалери меѓу кои Батистута и Симеоне.

Најновите рекорди на Роналдо со помош на контроверзниот пенал

Спласнале или не импресиите од драмата, заслужија или не пенал во 93-та, Кристијано Роналдо продолжи да ја испишува историјата во Лигата на шампиони. Вака ако продолжи уште некоја година никој не стига во наредни 100 години.

„Не знам што се чудите, лани на Баерн му се случи ова, сега нам“

Изјави од крајност во крајност - исти онакви какви што беа процените за тоа дали бил или не бил пенал. Со исклучок на Дел Пјеро кој делува зачуден од изреченото на Буфон.

Буфон: Судија оди јади помфрит со жена ти на трибина

Како никогаш до сега Џиџи Буфон се појави пред медиумите со жесток напад врз судијата, без влакна на јазикот, гневен и убеден дека не заслужил да го суди овој меч. Роналдо не разбира зошто се бунеле.

Спортски поздрав на две големи легенди

Без разлика кој е во право, ова се сцени за почит. Едниот веројатно му го разбира гневот и со респект му даде пријателска гушка, а другиов е величина која со душа ги прифаќа овие искрени поздрави, па дури и во ваква ситуација во која е попизден како сè заврши, а како можеше да биде.

Кристијано им запна на ножичките, сега ги направи на тренинг

Прво во понеделникот направи ножички на тренинг, па после на Џанлуиџи Буфон му даде фантастичен гол исто со ножички за денес во тренинг-центарот на Реал во Валдебебас пак да ги потврди.

Во Босна падна гол како на Роналдо

Фудбалерот на Орашје Антонио Видовиќ постигнал два гола во триумфот на својот тим против Чапљина (3-1) во втората лига на Босна и Херцеговина. Еден од погодоците е ала КР7.

Кои се најубавите 10 гола со ножички во фудбалот

Јужно-американците ја викаат чилена (chilena), Италијанците ровешата (rovesciata), Бугарите задна ножица, Хрватите шкарице, кај нас ножички. Кои се автори на најубавите голови на овој начин?

А ножичките ги пробувал на тренинг пред мечот

Синоќа на двата четвртфинални дуели паднаа 6 гола ама целиот свет зборува за ремек делото на Кристијано Роналдо. Необично, пред истиот гол пробувал ножички на тренингот ден пред натпреварот со Јувентус.

Ибра, Крауч и Леброн за ножичките на Роналдо

Евроголот на Кристијано Роналдо против Јуве е топ тема не само во ЛШ, туку и меѓу едни славни дечки кои играат во МЛС и НБА лигата. А не дека Питер Крауч тресна зелена, бидејќи и он има дадено сличен со тоа штаките.

Цел стадион на Јуве стана да му аплаудира на Роналдо

Кристијано Роналдо е првиот човек во историјата кој успеа да постигне гол на 10 меча по ред во ЛШ и тоа 15 комада. И тоа пазете има 21 гол само во четвртфиналињата исто колку цел тим на Јуве. Домашните навивачи покажаа целосен респект за неговото ремек делото со ножички.

Големи ѕвезди кои веројатно ќе го играат последното Светско

Секоја година во пензија заминува некоја од фудбалските ѕвезди. Светско првенство е веројатно најдобриот момент да се простиш со репрезентацијата.

Чистачот на аеродром кој си направи проблем со бистата на Кристијано

Насмеаните лица, коктели и многу фоторепортери на големата свеченост по повод преименувањето на аеродромот во родниот град на Роналдо не го најавувале пеколот низ кој поминал „вајарот“.

Флојд Мејведер го купува Њукасл?

Американскиот боксер бил импресиониран од посетата на Њукасл и е спремен да инвестира во фудбалскиот клуб кој мака мачи да опстане во Премиер лигата. „Влегувам со глава, не со срце, па да ги проарчам сите пари“.

Роналдо е тешко да се чува и на корнер

Кристијано Роналдо му ја извади маста на еден играч на Џирона. Кутриот треба да ја прати и топката и него, а тој со брзи потези се ослободува од него колку сака и на крај останува сам да бие со глава.

Роналдо годинава има повеќе голови од Ман.Јунајтед, Борусија и Челси

Што ли му се случи на Кристијано Роналдо годинава? Дечкото подиве. Во ноември месец беше поефикасен само од напаѓачите на Беневенто, а сега во 2018-та има ист број на голови со Милан и Арсенал. Пазете колку цели екипи.

Најплатениот собирач на топки

Сте виделе ли човек со 14 освоени титули за Реал Мадрид од кои 3 во ЛШ, како и 5 Златни топки да трча по топка позади гол? Со оглед на тоа што нема да го препознаете на видеото, според параметрите сигурно ви е јасно за кој станува збор. Кристијано Роналдо во улога на совесен татко кој го поштедува синот.

Бендтнер прв облече розови копачки и сите му се смееја - а сега?

На почетокот на ХХ век во Европа маркизите и бароните се облекувале во розово и за мажите што ја бирале оваа боја се сметало дека „имаат вкус за облекување“. Каква е денес состојбата и зошто сè повеќе фудбалери носат розово ако се смета за женска боја?

Ливерпул страшен во Порто, Реал покажа кога е најсилен

Фудбалерите на Ливерпул вечерва остварија една од поубедливите победи во еврокуповите во клупската историја. Со 0:5 го згромија Порто на „Драгао“ и се сигурен патник во четвртфиналето. Реал кога сите го отпишуваа покажа зошто е Реал.

Фергусон: Во Јунајтед тренирав четворица од светска класа, а од нив Кристијано беше дијамантот

Додека татко му пиел, а брат му се дрогирал, неговата цел била да стане најјак фудбалер во свет. И ете го до каде стигна. 646 голови во кариерата, 5 Златни топки и 26 трофеи од кои 4 ЛШ и едно ЕП.

Некои разлики сезонава меѓу Роналдо и Меси

Барселона и Реал Мадрид се во една од најздодевните трки за титулата во последниве неколку години. Кралевите се четврти на -19 со четири порази, а Каталонците се неподливи. Оваа драстична разлика меѓу големите ривали ја отсликува и формата во која се наоѓаат нивните лидери.

Огледалце, огледалце, кој е најубав на светот?

Пред средбата против Депортиво Ла Коруња, пар дечиња кои излегуваат со играчите на терен, со Кристијано Роналдо зборуваа кој е најдобар на светот. Заклучок им беше дека Меси е најслаб.