По 20 натпревари на Светското првенство во Русија, единствениот човек кој се двои по белегот кој го остави на теренот е Кристијано Роналдо. Не поради самата игра, туку реализацијата која на крајот сепак е најважна.
Два меча – четири гола за португалскиот ас кој прво со хет трик ја извади својата земја од сигурен пораз против Шпанија, а потоа со еден потег со глава и донесе 3 бода во второто коло против Мароко.
Сето ова на 33 години. Просто зачудувачки е да се гледа формата на Роналдо во оваа да речеме последна етапа од неговата кариера, која со оглед на ваквите лудачки спринтови тешко дека ќе заврши наскоро.
Зошто за Роналдо важат размислувањата дека е многу голем работник кој со труд го достигна врвот, ќе ви каже и еден неков поранешен клупски колега од Манчестер Јунајтед.
„Кристијано и Рио Фендинанд еднаш одиграа партија пинг понг и Рио го победи, а сите ние викавме и Роналдо се вознемири. Потоа ги прати братучед му да купи маса за пинг понг. Вежбаше дома две недели, а потоа му закажа нова партија на Рио и му врати со победа пред сите. Ете тоа е Кристијано Роналдо“, објаснува Патрис Евра
„Затоа не сум изненаден што сака да освои уште една Златна топка и зошто сака да го освои Светското првенство, затоа што тој е лут човек“, вели поранешниот бек на Јунајтед.
Ова е само една анегдота, но совршено опишува каков е Роналдо. Тој можеби не бил најнапреден фудбалер како млад, но работел повеќе од било кој друг за да стигне до таму каде што е сега. Совршена лекција за секое дете кое сака да ги следи неговите стапки.