Десетката на Реал Мадрид кој има 33 години, во гламурозната сала Ројал Фестивал во Лондон ги победи страшните конкуренти Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.
На доделувањето на престижните награди беа присутни легенди како: Роналдињо, Малдини, Кафу, Капело, актерот Патрик Стјуарт како и поранешниот фронтмен на Oasis, Ноел Галахер.
Интересно Модриќ наградата FIFA Best Player му ја посвети на неговиот фудбалски идол Звонимир Бобан кој беше присутен во салата и емотивно го доживеа моментот:
Лука Модриќ во мај годинава ја освои својата трета Лига на шампиони по ред што беше незабележано во клупскиот фудбал и ја водеше Хрватска до нивното историско прво финале на Светско првенство во јули. Во однос на другите награди: Бразилката и фудбалерка на Орландо Прајд, легендарната Марта, првпат од 2010 ја доби наградата за најдобар женски играч.
На гласањето Хрватот собрал 29% од гласовите (за него гласале и селекторот и капитенот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски и Горан Пандев). Второпласираниот Роналдо добил 19% од гласовите, третиот Салах 11,23% а Меси завршил петти зад Килијан Мбапе.
Интересно ова беа прв избор за најдобар играч на годината на кој Лионел Меси гласал за Роналдо.
„Голема чест и привилегија е да се добие оваа награда. Им честитам на Салах и на Кристијано на сјајната сезона и сигурен сум дека во иднина ќе имаат прилика пак да се борат за ова признание. Ова е и награда која што им ја должам на своите соиграчи од репрезентацијата и Реал Мадрид како и на селекторот Далиќ и тренерите во Реал. Му благодарам на моето семејство поради кое сум фудбалер и личност каква што сум“, рече емотивниот Модриќ.
Дидие Дешам кој направи фантастичен колектив од француската фудбалска репрезентација и маестрално го освои Мундијалот (во финале славеа 4-2 против “коцкестите“), е избран за најдобар селектор на светот.
Голот на Салах против Евертон е изгласан од страна на навивачите за најдобар на годината:
Белгиецот Тибо Куртоа е избран за најдобар голман на годината во светот, а навивачите на Перу ја примија наградата за најдобри фанови на годината.
***
Пред извесно време излезе видео на кое се гледа како тогаш 5-годишниот Лука им помага на месните овчари да ги тераат овците:
***
За величината на Лука зборуваа неговите противници, ривали, соиграчи и тренери.
„Тој е одличен играч и уште подобар другар. Еден од ретките фудбалери за кои ќе бидам среќен (за време на доделување на наградата) како за себе. Можно е во фудбалот да има поголеми и попознати имиња но токму Модриќ заслужи да биде прогласен за најдобар“, рекол Серхио Рамос.
Славен Билиќ:
„Он е уникатен. Трча најмногу од сите, работи во одбраната, врши пресинг, додава, мести голови, игра кратки пасови, долги пасови, го држи центарот од теренот и способен е да трча напред со топка и да дава голови. Он е - лидер„
Драган Стојковиќ - Пикси:
„Кога ја гледам неговата игра, гледам малечко дете со руса коса кое во секој момент прави потег кој ги го направил и јас самиот“.
Рафаел ван дер Варт:
„Просто дајте му ја само на Модриќ а потоа Лука ќе го најде Раф и ќе победиме“.
Џејми О’Хара:
„На тренинзите беше невозможно да му се земе топка. Беше малечок но неговото тело како да е од цигли. Беше неверојатно силен а притоа има ниско тежиште. Најмногу од се ме фасцинира што прави со топката.
Секогаш знаеше која страна да ја одбере, од која страна е неговиот противник и што ќе прави. Со такво поимање секогаш правеше дополнително пространство. Секогаш ја предвидуваше ситуацијата на теренот три додавања однапред. Неговиот мозок работи побрзо отколку кај сите останати“.
Герет Бејл:
„Лука секогаш е многу стабилен. Гледа додавања кои никој освен него не ги гледа. Сум бил сведок на такви асистенции многу пати и во Тотенхем и во Мадрид“.
Карло Анчелоти:
„Никогаш не составувам симболична екипа од играчите кои сум ги тренирал. Погледнете само кој би бил на голот - Буфон, Ван дер Сар, Касиљас, Нојер. Не можам да го изберам најдобриот. Со другите позиции е исто но на една сигурно ќе биде Лука Модриќ. Тој има таква техника на читање игра и силно лидерство... А освен тоа одличен човек е“.