Алекс Тејлор е студент кој навива за Манчестер Јунајтед, но и дете со огромна желба да ги гледа двајцата најдобри во живо. Со таа цел решил првите заштеди од хонорарната работа за време на студирањето да ги намени за да патува на Камп Ноу и Јувентус Стадиум. Прво кај Меси, а потоа кај Роналдо.
Друштво на првиот натпревар му правел другар му Џош со кого купиле билети за натпреварот Барселона – Севиља кој се одигра во октомври.
Натпреварот почнува и во 14-та минута од игра излегува Меси кој си ја повреди раката. Каков малер. Ако ништо друго барем виде нешто во тие 14 минути, а тоа е гол и асистенција на Аргентинецот и водство од 2:0.
🚨🤕 Bad news for @FCBarcelona as Messi leaves #BarcaSevillaFC with an injury to his arm.
— beIN SPORTS USA (@beINSPORTSUSA) October 20, 2018
See how it happened here ➡️ https://t.co/ZaUuzxYKiD pic.twitter.com/DC5wW1zhyF
Натпреварот заврши 4:2 за Барса, а Лео исто како Алекс беа гледачи до крај.
„Сите на стадион молчеа кога го видоа легнат на земја, а после станаа на нозе и го скандираа неговото име. Тој не беше во можност да продолжи, а мене ми дојде едно од најлошите чувства во животот. Штедев пари за да го гледам од близу, а тој се повреди“, раскажува Алекс.
Втората заштеда ја направил за мечот Јувентус – Емполи одигран пред неколку дена. Овој пат со другарот Дејл со кого на време си обезбедиле сместување, карти за стадион и авионски превоз.
Но што се случи овој пат? Пред оваа средба се играа квалификации за ЕП 2020 на кои Португалија играше со Србија и Роналдо истегна мускул.
🚑 INJURY | Cristiano Ronaldo taken off for Portugal with an apparent hamstring injury. Sprinting, clutched his leg, immediately off. #PORSRB pic.twitter.com/VODC3FnStb
— Adriano Del Monte (@adriandelmonte) March 25, 2019
Алекс се појави на Јувентус Стадиум, ама не и 5 кратниот освојувач на златната топка. Малер број 2.
Алекс како навивач на Јунајтед сега има план во пресрет на четвртфиналето од ЛШ меѓу Манчестер и Барселона, а тоа е:
„Планирам да одам повторно во Барселона и “да го повредам“ повторно Меси пред мечот од ЛШ“.