На 7 декември 2004-та, Лионел Меси дебитираше во Лига на шампиони на мечот Шахтјор Доњецк – Барселона. Од тој ден биднаа 15 изданија на елитното натпреварување и сите шампиони од тогаш може да се сортираат во четири категории:
1.ТИМОТ НА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО
Манчестер Јунајтед (2007/2008), Реал Мадрид (2013/2014, 2015/2016, 2016/2017, 2017/2018)
2.ТИМОТ НА ЛИОНЕЛ МЕСИ
Барселона (2005/2006, 2008/2009. 2010/2011, 2014/2015)
3.ТИМ СО ТРЕНЕР КОЈ ОСВОИЛ ТРОФЕЈ ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
Ливерпул (2004/2005) Рафа Бенитез, Милан (2006/2007) Карло Анчелоти, Интер (2009/2010) Жозе Мурињо, Баерн Минхен (2012/2013) Јуп Хајнкес.
4.АНГЛИСКИ ТИМ НА КОЈ НА СТАРТ СЕЗОНА СЕДЕЛ ПОРТУГАЛСКИ СТРАТЕГ КОЈ ПРЕТХОДНО ОСВОИЛ ЛЕ, А БИЛ ОТПУШТЕН ПОРАДИ СЛАБИ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРВЕНСТВО И ПОТОА ЗАМЕНЕТ СО ПОРАНЕШЕН ИГРАЧ КОЈ Е СО СЛАБИ УСПЕСИ КАКО ТРЕНЕР ВО ПРЕМИЕР ЛИГА.
Челси 2011/2012 (Андреш Вилаш Боаш/Роберто ди Матео)
И сега што значи ова?
Од учесниците во четвртфинале може да видиме кој тим во која категорија спаѓа:
1.Јувентус
2.Барселона
3.Манчестер Сити (Пеп Гвардиола)
4.Манчестер Јунајтед (Жозе Мурињо/Оле Гунар Солскјер)
Извинете Ливерпул, Тотенхем, Порто и Ајакс ама за вас не најдовме место во ниту една категорија 😊.