„Никогаш досега го немам видено ова видео. Станав број 1 во светот на фудбалот, но татко ми никогаш не го виде тоа. Не виде како ги примам наградите. Мајка ми го виде, браќата исто така, па дури и мојот постар син, но татко ми не виде ништо од тоа“, рече Роналдо
Таткото на Роналдо Жозе Динис Авеиро почина на 6 септември 2005-та на 52 годишна возраст поради проблеми со алкохол.
Кристијано тогаш имаше 20 години и настапуваше за Манчестер Јунајтед, но сè уште немаше освоено трофеј ниту во Премиер лига, ниту во Лига на шампиони која ја освои во сезоната 2007/2008. Потоа следуваше и неговиот мега трансфер во Реал Мадрид и сите негови успеси.
Cristiano Ronaldo just wants his late father to see his success. 💔😭pic.twitter.com/mjPS8ma5I6
— Cristiano Ronaldo (@TheRonaldoTeam) September 16, 2019