Му збогтиса од церемонии и одела или знаел дека нема да го изберат па остана дома

Во понеделникот во Милано ФИФА ги врачи наградите The Best. Лео Меси стана играч на годината пред Ван Дајк и Роналдо кој не дојде на церемонијата, иако од Торино до Милано има 1-2 часа.

Веднаш по завршувањето на свечената церемонија во миланска Скала, Роналдо на својот Инстаграм профил објави фотографија и пост за тоа како ја поминува понеделничката вечер: чита книга на тросед, а Кристијано-јуниор седи на маса и како да пишува домашно.

Роналдо дал опис на фотографијата: „Трпение и настојчивост - тоа се две црти со кои се разликува професионалец од аматер. Сè, што ние денес нарекуваме големо, почнува од мало. Вие не може да сторите сè, но можно е да сторите сè што е во ваша моќ за да ги остварите вашите сни. Имајте во предвид дека после ноќта настапува зора“.

Можно е официјалната причина поради која Роналдо ја пропуштил церемонијата да е повреда. Португалецот вечерва нема да игра со Бреша, а Маурицио Сари изјави дека Кристијано има мали проблеми со бутниот мускул.

КОГА ПРЕТХОДНО КРИСТИЈАНО ПРОПУШТАШЕ ЦЕРЕМОНИИ?

Минатата година Кристијано Роналдо не дојде на ниту една од трите главни церемонии за доделување награди (УЕФА, ФИФА и „Златна топка“). Тогаш сите признанија ги освои неговиот соиграч Лука Модриќ кој блесна на Светското 2018.

ESPN тогаш пишувал дека Роналдо планирал да ја посети церемонијата на доделување награди УЕФА 2018 во Монако. Во салата во која се одржува свечената церемонија имало резервирани шест места за Кристијано кој требал да дојде со авион.

Но на два часа до церемонијата Роналдо добил информација дека за најдобар играч на годината ќе биде прогласен Модриќ а не тој и решил да не отпатува.

А пред премијата The Best 2018 на ФИФА, Роналдо претходно му најавил на организаторот дека ќе го пропушти настанот поради обврски - Јувентус тогаш играше со Болоња во Серија А.

До минатата година Кристијано Роналдо не пропушти ниту една церемонија на доделување награди. На премијата на ФИФА во 2017, тој ја доби наградата за најдобар играч на светот а во салата во Цирих немаше ниту еден играч на Барселона (Меси, Пике, Суарез и Иниеста).

„Жалам што некои луѓе од Барселона не се овде со нас, но разбирливо е“, изјави кратко Роналдо на таа манифестација.

Годинава Роналдо дојде на изборот за најдобар играч според УЕФА каде наградата ја доби Ван Дајк, а Португалецот и добро се забавуваше.