Дебито на Кристијано Роналдо во дресот на Јуве помина одлично бидејќи заврши како најдобар клупски стрелец со 21 гол и се најде на четвртата позиција на листата на стрелци со само 5 гола помалку од Кваљарела.
Но во еден препознатлив параметар од неговата игра ич не му оди, а тоа се головите од слободни удари. Замислете на сите негови ненормални рекорди во кариерата, тој е вториот најлош изведувач на слободни во неговата прва година во Серија А.
На претпоследната позиција се најде со 18 обиди од кои ниту еден не му е успешен. Со се настапите во Лига на шампиони, таа бројка изнесува 24.
Дури 15 пати не успеал да го префрли живиот ѕид, седум пати голманот успеал да му ја фати, а два пати го утнал цел гол.
На само еден играч во Серија А му оди полошо од Роналдо, а тоа е Камилио Чано од Фрозиноне кој имал 21 неуспешен обид.
Затоа неговиот колега Миралем Пјаниќ има еден од шест обиди.