Селекцијата на Украина предводена од легендарната 7-ка на Милан, Андриј Шевченко синоќа го совлада европскиот првак Португалија со 2:1 и обезбеди директен пласман на ЕП 2020.
И кога победува и кога губи, Кристијано Роналдо остварува по некој нов рекорд или јубилеј. Синоќа во Киев тој стигна до погодокот број 700 во кариерата кој го постигна на 973-от меч.
Според податоците на rsssf, тоа значи дека Роналдо влегува во листата на само 6 играчи во историјата со најмалку 700 голови во кариерата.
Ова е посебно друштво за кое ќе се зборува и после 100 години.
Најголем бенефит од неговите голови има Реал Мадрид од каде Роналдо си замина со 450 погодоци, а 118 ги постигна за Манчестер Јунајтед во периодот од 2003-та до 2009-та. За Португалија има дадено 95, а втор е Паулета со 47.
Гледано по сезони, пикот го достигна во 2014/2015 со 61 и 2011/2012 со 60 голови.
Како репрезентации најмногу од него примија Андора, Ерменија, Летонија и Шведска по 5, а на клупско ниво Севиља (27), Атлетико Мадрид (25), Хетафе (23), Селта (20) и Барселона (18).
Португалскиот ас е рекордер по број на голови во ЛШ, во една сезона во ЛШ, за Реал Мадрид и да не редиме понатаму.
Во однос на вечните битки со Меси постојано се бркаат. Со последниот гол во ЛШ против Баер Леверкузен, Роналдо стигна до бројка од 605 клупски голови, а Меси има 603.
За да ги стигне Пушкаш и Ди Стефано кои имаат по вкупно 7 гола во финалињата во ЛШ, му требаат уште 4, а ако биде стрелец следната сезона во ЛШ ќе го стигне рекордерот Гигс кој е стрелец во 16 сезони по ред.
Сите 700 во 20 минути