Асоцијацијата на италијански фудбалери по деветти пат организираше гала вечер во Милано за најдобрите во Серија А за изминатата сезона.
За најдобар играч беше прогласен Кристијано Роналдо кој постигна 21 гол за Јуве и го освои Скудетото. Најдобар тренер е Гасперини, а најдобар тим Аталанта. Во топ 11 избрани се Хандановиќ, Кансело, Кулибали, Кјелини, Коларов, Барела, Пјаниќ, Иличиќ, Роналдо, Ѕапата и Кваљарела.
Но она што е спорно во целата ситуација е чудниот начин на кој Португалецот учествувал на овој настан. Италијанските новинари известуваат дека тој за време на церемонијата бил во кола по што излегол и се качил на бина дури откако го повикале да ја подигне МВП наградата, а околу него еден куп телохранители кои се обиделе да ги оддалечат камерите.
UNBELIEVABLE!
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) December 2, 2019
Cristiano Ronaldo waited in his car for the moment in which he had to be awarded MVP Serie A award!
Then when the time came, he finally get out to enter the theatre, while his bodyguards pointed torchlights to cameras! https://t.co/8A51G9Tatp
Ronaldo, in gets award and then out pic.twitter.com/fWOOf0lVi7
— David Schiavone 🌐 (@DovSchiavone) December 2, 2019
Медиумите го искритикуваа овој невообичаен потег на мега ѕвездата, а Кориере дело Спорт дури отиде и со следниов наслов: Да не е претседател на држава?
Роналдо не се појави ниту лани на церемониите на ФИФА и Франс Фудбал кога Лука Модриќ ги собра наградите за најдобар на годината, а најдобриот за 2018-та не само што се појави и в раце му ја врачи Златната топка на Меси, туку напиша и нешто плус кое очигледно не важи за оние со силно его.