Таг: книга

Бурек, колку мрсно тоа звучи

Етнолозите се чудни луѓе. Дури и во нешто навидум толку прозаично како четврт бурек направен во Словенија можат да видат судир помеѓу ориенталното и западно-европското. И да напишат книга за тоа.

Мапата на нашите животи

16 уметници, писатели и мислители прават исто толку мапи. Секој од нив го истражува концептот на мапирање, низ процес кој на крајот станува лична картографија. А таа е многу повеќе отколку графичко одбележување на физичка територија.

Кога Мица беше закон

Нова книга за антологиските стихови на Мица Трофртаљка, џејмсбрауновската ароганција на Лепа Лукиќ и Александровац како српски Нешвил. Плус бонус песна со економско-социјална содржина.

Во слава на писмото

Деновиве ни стигна најубавиот новогодишен подарок - пакетче со кандирани костени и писмо, со рака напишано на светло сина, рачно направена хартија. Парадоксално е: во светот во моментов се испраќаат милиони мејлови. Но мал број од нив се вистински писма.

Книга која симулира како е да си дислексичар

МО_Е_Е Д_ Г_О П_ОЧИ_АТ_ ОВ_? А АКО Е НШПИАНО АВАК? Можеби ќе ви треба повеќе време, но веројатно ќе успеете. Ако замислите како е да го читате секој сајт и секој текст на овој начин, тогаш сте малку поблиску до разбирањето на дислексијата.

Кој е тука психопатот?

Едно попладне во октомври 2005, невронаучникот Џејмс Фалон разгледувал снимки од мозоци на сериски убијци. И открил нешто неверојатно, за што напишал и книга.

Последната книга и нејзините читатели

Рајнер Геритсен работи на книга за книгите, фотографирајќи ги луѓето кои читаат во метроата на Пекинг, Париз, Лондон и Њујорк. Неговата идеја е да ги регистрира последните читачи на книги на хартија, кои според статистичките податоци со кои тој располага ќе исчезнат до пролетта 2016.

Грдотијата ќе го спаси светот

Ако убавината е концепт кој историски и културолошки варира, тогаш мора да е така и за грдотијата. Една нова книга се обидува да го истражи овој прилично флуиден концепт, кој е исто така етички.

Математичките тајни на Симпсонови

Шоу како Симпсонови, со неговите алузии, референци, цитати и пародии, душа дало за истражување. „Симпсонови и филозофија" и „Психологијата на Симпсонови", такви книги веќе постојат. Сега им се придружува уште една, која тврди дека Симпсонови имаат и - математички тајни.

Трговец со накит кој го има пробиено космичкиот код

Дејвид Бирнбаум се збогатил продавајќи им накит на филмски ѕвезди. Но неговата огромна книга со помпезен наслов има врска со малку поинакви теми. Клучни зборови: космос, матка, потенцијал, метафизика. И според многумина, со благо лудило.

Како да не успееш во речиси сè

Koга се во прашање стриповите, главно ги фаворизираме нам омилените Калвин и Хобс и xkcd. Но еден неправедно сме го прескокнале - Дилберт и неговите канцелариски авантури. Интервју со неговиот автор, по повод излегувањето на неговата нова книга.

Боже, чувај ме од пријателите

Пријателството е еден од оние концепти кои интуитивно ги препознаваме, но кој одолева на обидите да се дефинира и рационализира. Една нова книга се обидува да го стори токму тоа.

Книжевен осврт во gif-ови

„Мојот српски волк" е љубовно романче од извесна Харизма Најт. Има само 90 странички, ама доволно да собере куп негативни критики на Амазон, од типот „ѓубре", „ужасно", „грозно". Но еден осврт на Good Reads може да послужи како урнек за рендање на ваквите жални книжевни обиди.

Супер-херојот во сите нас

Новата книга „Што го прави човека херој?" тврди нешто во кое често ни е малку тешко да поверуваме - дека човечкиот мозок е програмиран за несебичност. И дека песната на Мараја Кери не е толку лигава колку што звучи.

Постои ли „спортски ген“?

„Дали е до вложениот труд, или до вродената дарба?" - вака обично размислуваме за врвните уметници, во чии биографии најчесто се вели дека од мали покажале талент за областа во која подоцна се прославиле. Поретко истото прашање го поставуваме за врвните спортисти.

Зошто Безос купи весник?

Бред Стоун, долгогодишен репортер од Силициумската долина, долго време работи на нешто за што се надева дека ќе биде најисцрпната биографија на Безос до сега. Излегувањето на „Продавницата за сè: Џеф Безос и ерата на Амазон" се планира во октомври.

Спиењето како анти-капиталистички чин

Новата книга на Џонатан Крери, „24/7: доцниот капитализам и крајот на спиењето", зборува за една актуелна тема - конфликтот помеѓу биолошката потреба за сон и современиот притисок за продуктивност.

Kнига за деца на Џон Картер Кеш

Во пресрет на десетгодишнината од смртта на Џони Кеш, неговиот син ја издаде својата прва книга за деца. Лупус Рекс е посветенa на „сурово чесниот однос кон природата", кој таткото му го пренел уште во детството.

Кафка за деца

Двете ќерки на Матју Рот, 34-годишен писател и дизајнер на видео игри од Бруклин, многу му досаѓале со прашања дур едно попладне се обидувал да прочита неколку реда од омилениот писател. Неговото решение - книга со неколку раскази на Кафка, прераскажани ко за петгодишни.

Боно, ѓубрето

Знам неколку души што ќе бидат воодушевени од текстов, затоа што истото она што тие цело време го зборуваат за Боно сега излегува од перото на Тери Иглтон, еден од најгласните британски литературни критичари и коментатори на современата култура.

Соништата на Фелини

Фелини освен со режија се занимавал и со сликарство. Прво цртал карикатури на филмски ѕвезди. Потоа во дневниот весник „Доменика дел Кориере" објавувал стрипови, а кон крајот на 1930-тите станал уредник на популарното сатирично списание „Марко Аурелие". Но сепак најинтересни се цртежите од неговите сништа, кои во моментов се изложени во Ријека.

Субкултурата на брадестите

Брадата е еден благороден израсток на машкото лице, кој историски асоцира на востаници и одметници, а современо на наши драги пријатели и домашни. Како поддршка на нивните напори за небричење, и критика на секој обид за интервенција во оваа смисла, еве една фото серија, која отсликува една цела „брадеста" подкултура.

Дежуловиќ конечно на македонски

Другарот Боро бил толку присутен на овој сајт, што понекогаш се воздржуваме да не преведеме нешто ново од него, само за да не ве удавиме. Ама сега еве ветуваме дека за некое време ќе апстинираме. И тоа затоа што - му објавивме книга!

Декларација за еден необичен производ

Да не ни беше вака објаснето, навистина немаше да знаеме, и ќе стоевме ко збунети среде продавница, со необичниот предмет в рака. Сега е јасно - тој е за читање. Има неограничен рок на употреба. И нема опасност при правилно користење. За последново сепак сме некако скептични.