На мечот Кливленд - Оклахома, Леброн Џејмс тргна по една топка која одеше во аут, но загуби рамнотежа, со сета сила удри во навивачка на Кливленд по име Ели Харви и сериозно ја повреди. Жената не можела да стане сама, поради што дојде лекарска екипа и на носилки ја изнесоа од Арената. Леброн најави дека ќе ја посети редовната навивачка штом малку закрепне од повредата и дека ќе плати колку треба во болницата. Ели и нејзиниот маж, познатиот голфер Џејсон Дан со децата редовно присуствуваат на секој меч на Кавалирс.