Во Источната Конференција на НБА да се игра со него или против него има разлика голема колку светот: разликата меѓу победата и поразот.
„Кошарката е проста игра: десет играчи играат 48 минути на паркет и на крајот победува Леброн Џејмс“.
Оваа извртена фраза на Гери Линекер за фудбалот и Германците служи, за подобро да ја објасни фрустрацијата со која цела Источна Конференција се соочува со бројот 23 на Кливленд Кавалирс до крајот на април, а потоа и екипите од плејофот.
„Фрустрирачки е цело време да губиш од иста екипа или од ист човек. Обесхрабрувачки е“, се фрустрираше Пол Џорџ пред еден месец откако Леброн одново го испраши од Плејофот него и неговата Индијана со 4:0 во првото коло.
„Играв против сите екипи од Источната Конференција во плејофот освен против две чијшто дрес го носев. Не ме изненадува тоа што сум ги победил сите“, гордо вели Леброн во пресрет на седмото финале на НБА по ред за него.
Осум финалиња во 11 години не се видело уште од времето на Бостон Селтик и Бил Расел; една друга епоха и пред се друг баскет, но логиката на најдобрата лига на светот очигледно не работи кога се работи за Џејмс.
Последен меч во финале без него на теренот се играл на 17. јуни 2010 година: Џон Вол уште не беше избран на Драфтот, како и ДеМаркус Казинс, Пол Џорџ и Гордон Хајвард. Тогаш главен збор водеа Брајант, Гарнет, Ален, Пол Пирс, Ражон Рондо.
Рекордите кои Леброн Џејмс ги постави во последните сезони се имресивни, а последната јагодка на шлагот беше во Game5 против Бостон во финалето на Истокот кога даде 35 коша и го надмина Мајкл Џордан на листата најдобри стрелци во историјата на Плејофот.
Леброн Џејмс одлично котира и на вечните листи од финалињата, па така: 9. место е по бројот на скокови во финалињата, 2. за дефанзивни скокови, 2. за украдени топки, 8. за одиграни минути, 8. за постигнати поени, 2. за трипл дабл во финалињата.
ТВОРЕЦ НА НАЈТРОФЕЈНАТА ФРАНШИЗА НА ИСТОКОТ
Среќа има тој што добил можност да игра со Леброн Џејс којшто во последните седум години прослави стотици победи на Источниот Брег. Добро знаат во Кливленд каде во последните 19 години не успеаа ниту еднаш да победат во Плејофот без Леброн Џејмс. Со него играа 4 финалиња во 10 сезони.
По неговото заминување во 2010-та, Кавалирс добри три години потоа тешко победуваа (заминаа само Џејмс и Зидрунас Илгаускас од ростерот). Првата сезона без Леброн имаа само 19 победи, а претходно со него дури 61! Секоја чест за литванската 11-ка, но овој егзодус на победи беше поврзан со заминувањето на Кралот.
Со бројот 23 на теренот, Кливленд сезонава во плејофот има рејтинг од +20.1 (подобро од Голден Стејт Вориорс кој имаше +12.1).
НЕ МУ Е ПРОБЛЕМ ШТО ПОЧНУВА КАКО АУТСАЈДЕР
Леброн е пред тешка задача, затоа што во финалето ќе игра против екипа која во три години победи 207 меча!
„Можеби ќе биде најтешката борба во мојата кариера. Веќе играв против четворица од Куќата на Славните во финалето кога се најдов спроти Ману Џинобили, Кави Леонард, Тони Паркер и Тим Данкан предводени од феноменот Грег Поповиќ. Ќе биде голем стимул. Вориорс се екипа со невидена моќ на ниво на Бостон на Реј Ален, Кевин Гарнет, Пол Пирс, Ражон Рондо и Док Риверс. Ќе биде гигантска борба, не само на ментално ниво“, вели Леброн Џејмс пред финалето кое започнува ноќта меѓу четврток и петок од 03 часот во Голден Стејт.
Тоа што не е фаворит во финалето не му смета на Џејмс затоа што последен пат кога коефицентите беа на негова страна Мајами Хит загуби од Далас Маверикс: „Играм само блекџек кога одам во Лас Вегас, другото не ме интересира“, се шегува Леброн кој ги провоцира букмејкерите и хроничарите.
СИТЕ ФИНАЛНИ ДУЕЛИ НА ЛЕБРОН:
2007 - Сан Антонио Спарс 4-0 Кливленд Квалирс
2011 - Далас Маверикс 4-2 Мајами Хит
2012 - Мајами Хит 4-1 Оклахома Тандер
2013 - Мајами 4-3 Сан Антонио Спарс
2014 - Сан Антонио Спарс 4-1 Мајами Хит
2015 - Голден Стејт Вориорс 4-2 Кливленд Кавалирс
2016 - Кливленд Kавалирс 4-3 Голден Стејт Вориорс
2017 - Голден Стејт Вориорс ?-? Кливленд Кавалирс