Управата на кралскиот клуб решила голема фиеста по повод титулата во Ла Лига да има на „Сантијаго Бернабеу“ но по одигрувањето на финалето на ЛШ. Затоа синоќа десетици илјади Мадриѓани ги поздравија шампионите на легендарниот плоштад Сибелес каде Реал ги прославува сите трофеи.
Го оспоруваа, го омаловажуваа, те не бил за Реал, те не бил за први 11, Мората требало пред него. Карим вчера го зема фудбалот, направи дар-мар и после неговата асистенција падна голот на Иско вреден финале.
Последниот настан во кој Мората дава гол за Реал, а Кристијано во исто време крева рака како да сугерира дека соиграчот му е во офсајд одново ја разбрани јавноста. Сите се прашуваат дали еден од најдобрите фудбалери во историјата тоа го прави свесно или ненамерно.
Изјавата на Марион Ле Пен, внука од сестра на Марин Ле Пен (Национален Фронт) дека Бензема плука по земјата во која се родил и која му овозможила да стане мулти-милионер дополнително фрли бензин на оганот во Франција пред ЕП.
По 120 минути жестока борба и ремито по головите на Серхио Рамос и Фереира Караско се замина на пенал рулет. А таму повеќе среќа имаше Реал Мадрид кој славеше со 5:3. Роналдо го постигна решавачкиот пенал, Хуан Фран промаши.
Повредата секогаш се случува во незгодно време, но играчите кои поради неа ги пропуштаат големите турнири се навистина за жалење, затоа што настап на Европско или Светско неретко се случува еднаш во кариерата.
Реал Мадрид последен пат славеше во Барселона во април 2012-та година со головите на Кедира и Роналдо, под водство на Мурињо. Вечерва Кралевите ја прекинаа неверојатната серија на Барса од 39 меча без пораз во сите натпреварувања. 1-2, стрелци Пике, Бензема и Роналдо.
Кристијано Роналдо го искористи дуелот со Малме дополнително да побегне на вечната листа најдобри стрелци во елитната ЛШ. На неа се уште и врвни стрелци како Дрогба, Шевченко, Раул, Анри, Пипо Инзаги.
Коцкање, уцена, предавство, измами, затвори, - сè што е човечко не им е туѓо, па дури и на најдобрите спортисти како Мајкл Џордан, Рајан Гигс, Вејн Руни и други.
И покрај отворената поддршка од Зинедин Зидан, напаѓачот на Реал Мадрид веројатно привремено ќе биде исфрлен од француската репрезентација, на инсистирање на претседателот на федерацијата Ноел Ла Гре.
По неколку неделен молк за скандалот со видео снимката со чие објавуање Бензема го уценуваше, конечно се огласи и главниот актер, фудбалерот на Лион, Метју Валбуена.
Интимното видео со кое Бензема го уценувал Метју Валбуена не е прво дело надвор од законот на центарфорот на Реал Мадрид. Во минатото имал престапи и често полицијата му ѕвонела на врата.
Напаѓачот на Реал Мадрид и француската репрезентација е уапсен од француската полиција поради тоа што го уценувал Метју Валбуена од Лион дека ќе го објави спорното секс видео на соиграчот од репрезентацијата.
Убиственото трио на Барселона до сега сезонава постигна 91 гол во сите натпреварувања и само девет погодоци ги делат од клубот 100. Рекордот на постигнати голови во една сезона го држи Реал Мадрид.
Кралскиот клуб за последен пат даде седум голови за помалку од еден час во 1960-та година, во триумфот над Елче од 11-2. Денес за 55 минути, Кристијано Роналдо и другарите ја наполнија мрежата на Гранада. Португалецот за прв пат во кариерата даде пет голови на еден меч, од кои три за осум минути.
Реал Мадрид испушти 11 бодови во 2015-та, за што најголема одговорност носи триото фудбалери кои блескаа до католичкиот Божиќ. Од тогаш наваму, не играат во препознатлива форма и веќе и го препуштија приматот на Барселона.
Карим Бензема синоќа против Елче покажа дека знае да игра добро и со ножички, но судијата го имаше најнезгодниот момент за проценка кога сантиметри се во прашање дали е офсајд или не, па ја донесе погрешната одлука. Судиите немаат признато многу ремек дела.
Со головите на Ел Шарави (2), Жереми Менез и Џампаоло Пацини, Милан го победи кралскиот клуб и го освои Дубаи Челенџ трофејот. Роналдо и Бензема стрелаа за Мадриѓаните, кои претходно имаа 22 победи по ред и не знаеа за пораз од септември.
Фино би било да видиме едно вакво слично истражување и за нашите фудбалери за тоа колку се заложуваат за националниот дрес, што им се вртело во главите во Јагодина и дали имаат повисок рејтинг од политичарите, како што тоа не е случај со француските ѕвезди.