Да се биде соиграч на Роналдо - тоа е голем испит на нервите.
Во март 2015. година Роналдо пропушта шанса за гол против Леванте, но моќниот напад на Реал ја доврши акцијата преку Бејл. Реакцијата на Роналдо - незадоволно мавта со рацете што тој не дал гол.
Април 2015. Реал ја расканта Алмерија, еден од головите го даде Алваро Арбелоа а Роналдо изреагира така како да овој си дал автогол.
Бензема еднаш даде гол во Ла Лига, а Роналдо продолжи да се буни кај судијата за некоја претходна одлука.
За моментот кога во судиското продолжение на мечот против Билбао (2:1) ги игнорираше соиграчите како да не постојат се зборуваше со месеци.
Се случуваше и да се вмеша кога други се сами пред гол. Така еднаш против Осасуна на гости Кристијано му се замеша во работата на Гонзало Игуаин и двајцата се сопнаа а топката отиде во гол-аут.
Правило број 1 - прекините ги изведува Португалецот.
Во ретките моменти кога некој друг ќе шутира, Роналдо знае да биде лут ако шутот оди над голот. Тоа го почуствува Герет Бејл на своја кожа кога непрецизно изведе еден слободен удар.
Некогаш не дава ниту да го поддржат кога не му оди, како што му направи на сонародникот Коентрао.
Последниот „гаф“, ако така може да се каже Роналдо го направи против Атлетик Билбао минатата недела. Во судиското продолжение Алваро Морато со гол во 93. минута му донесе злато вредни три бода на Реал, а моментот на голот го одбележа Кристијано кој необјасниво крена рака како да бара офсајд. Некои медиуми ова го протолкуваа како Португалецот да сакал да му мафне на линискиот судија дека нема офсајд ситуација.
Некои стручњаци во телевизиски студија го протумачија неговиот потег како своевидна прослава на голот кога видел дека нема офсајд. Наводно затоа кренал рака, но неколку секунди подоцна како да му беше криво што победничкиот гол не го дал токму тој.
Слично нешто имаше и во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид кога Серхио Рамос даде гол од сомнителна ситуација:
Роналдо исто реагираше и во сезоната 2015/2016 кога Борха Мајорал даде гол против Леванте (подоцна голот му беше припишан на голманот Диего Марино):
Како и да е, Кристијано Роналдо ги распали коментарите по социјалните мрежи каде многумина го напаѓаат, притоа несвесни дека тој е фудбалер кој одамна има авторски права на својот егоизам.