Таг: јирген клоп

Кога Клоп за малку ќе станел доктор а не фудбалер

Предводникот на генерацијата фудбалери која постигна неверојатни 40 гола во Лигата на шампиони сезонава, во младоста запнал да студира медицина. Сметал дека може да се најде во оваа област но го предомислувале да батали и да игра фудбал.

Клоп се врати за да им се поклони на навивачите

Гостинските навивачи обично ги држат на трибина и до 1 час по завршувањето на мечот поради безбедносни причини. Тоа не е проблем за Јирген Клоп кој има сенс како треба да ги испочитува навивачите. Од секогаш бил цар овој човек.

Садио Мане - третиот херој на Ливерпул во кој не верувале родителите

Толку многу сакал да игра фудбал што како мал избегал од родното село и отишол на проба во 800 километри оддалечениот Дакар. Неговите на крај се помириле дека се решил за фудбал па решиле да собираат пари од бербата во плантажите во Сенегал.

Врти-сучи Клоп го води Пеп 7-5

Харизматичниот Германец е единствен тренер кој одиграл повеќе од 10 средби против неверојатниот Гвардиола а притоа повеќе пати да го победува.

Од прес конференциите на Клоп може да се сними филм

Нова прес конференција со Јирген Клоп и нови бурлески, стандарно со преведувачката на која ѝ помогна на свој начин и со еден од новинарите кој постави непотребно и глупаво прашање.

Новески се прости од Мајнц на величествен начин

Битолчанецот кој долги години го носеше дресот на македонската фудбалска репрезентација доби неверојатна чест во својот втор дом - Мајнц каде за последен пат го носеше дресот на омилениот клуб. Среќно понатаму Николче.

Да не е Клоп пресовите ќе бидат досадни

Екипите на Ливерпул, Баерн Минхен, Наполи и Атлетико Мадрид денеска и утре ќе учествуваат на петтото издание на Ауди Купот кој се одржува на Алијанц арената во Минхен. На прес конференцијата седнаа сите четворица тренери заедно, Диего Симеоне имаше проблеми со звукот, Јирген Клоп мртов ладен стана и ја реши ситуацијата. Нема човеков е роден за спонтани шеги.

Кевин Гроскројц - панкерот што освои Светско првенство

Да имаш редок талент, да учиш од Јирген Клоп, да бидеш миленик на „Жолтиот ѕид“ во Дортмунд, да освоиш Светско првенство и да завршиш како цреп треба стварно да си Кевин Гроскројц.

Кога ќе се сретнат Клоп и Ибрахимовиќ

Еден спонтан муабет меѓу две вакви забавни имиња пред камера оди вака: Ибра: Кога ќе ме донесеш во Дортмунд? Или не е тоа за пред камери. Клоп: Треба да го продадам цел тим за да те донесам. Ибра: За тебе гратис ќе дојдам.

5.000 долари трошок и 235 дена со точак за Ливерпул

Ви го претставуваме најупорниот и најхрабриот Кореец на долги стази кој имал вишок слободно време, пари, ептен издржлив велосипед и доста авантуристичка жичка во мозокот.

„Ми се смееа за скинатите копачки, а јас сакав само да играм“

Goal.com неодамна објави интервју со крилото на Ливерпул Садио Мане којшто раскажува колкав пат изодел од прашливите улици на едно селце во Сенегал, до катедралата на фудбалот „Енфилд Роуд“.

Зошто Диего Симеоне не сака да стане како Фергусон

На „Висенте Калдерон“ е омилен, го сакаат и навивачите и играчите и управата. Ја ликвидираше хегемонијата на Барса па на Реал, играше две финалиња во Лигата на шампионите. Се поставува прашањето зошто не сака да остане со години како Венгер и Фергусон?

Ирските навивачи и Јирген Клоп во метро

Пред мечот Австрија - Ирска (0:1), во едно метро во Виена, ирските навивачи среќаваат човек кој многу личи на Јирген Клоп и тука почнува шоуто.

Да беше тука Суарез, ќе седеше на клупа

Навивачите на Ливерпул синоќа против Вотфорд пееа песна која што ја насмеа целата фудбалска јавност. Според нив, тимот е толку добар што и кога би го имале Луис Суарез повторно, тој би седел на клупата за резерви. „Црвените“ играат препородено со Клоп.

Црнава мачка Мурињо ли ја прати?

Чекавме голови на дербито Ливерпул - Манчестер Јунајтед, а нив ги немаше „ни за лек“. Пред почетокот на мечот на „Енфилд“ традиционално грмеше You''ll never walk alone, а за тоа време една мачка се прошета по теренот. Режисерот ја примети и го забележа моментот.

Аѕурниот брег го врати Марио од мртвите

Ако не го следите француското првенство, ќе ве изненади изгледот на табелата: После осум кола лидер не е ПСЖ, ниту Монако ниту Лион, туку Ница која што неодамна ја купи една група американско-кинески инвеститори. Лидери се благодарение на Балотели.

Како Јирген Клоп зафркнал меч за влез во Бундеслига

Најхаризматичниот тренер на денешницата беше гостин во најгледаната фудбалска емисија во Британија, Monday Night Football каде стручни аналитичари се Џејми Карагер и Гери Невил. Беше и Тиери Анри но се повлече откако стана помошник тренер на Белгија. Синоќа во емисијата гостуваше Јирген Клоп кој покажа колку најдобро ја разбира фудбалската филозофија.

Кога имаш 0:2 на Стемфорд бриџ

Џордан Хендерсон им донесе втор шок во 36 минута на навивачите на Челси, а камерите во тој момент го бараа Јирген Клоп за да му ја видат реакцијата кога Ливерпул го зголеми водството.

Кој е ученикот што дава голови за Ливерпул?

Бен Вудборн е роден во старото градче Татенхол недалеку од Честер на 15. октомври 1999 година. Како јуниор преминал во Ливерпул и се запишал во школото Раинхил коешто е база на академијата на Црвените.

„Во фудбалот и животот има нешто повеќе од пари“

На 10 години бил сведок на страшна трагедија во семејството и долго време бил повлечен во себе. Со помош на вујко му и баба му се издигнува и станува капитен на полската фудбалска репрезентација.

Пет големи финалиња кои ги загуби Јирген Клоп

Тажната серија на загубени финални средби на харизматичниот Клоп синоќа доби нова епизода. Германецот во досегашната тренерска кариера играше пет финалиња во различни натпреварувања, но ниеднаш не го крена пехарот. Да почнеме со ред.

Како да се типува финалето на Лига Европа

Ќе успее ли Јирген Клоп да ја прецрта фразата на Гари Линекер кој изјави дека „Лига Европа е натпреварување во кое учествуваат 56 тима, а на крајот секогаш победува Севиља?“ Или Шпанците ќе стигнат до петтиот трофеј, а трет по ред во ЛЕ?

Клоп ги остри навивачите без карти да патуваат во Базел

Ливерпул ќе добие само 10.000 влезници за финалето на Лига Европа против Севиља во Базел, што е далеку од побарувачката за карти со која овој клуб се соочува. Клоп ѝ тера инеат на УЕФА и ги вика сите без карти да дојдат.