Од прес конференциите на Клоп може да се сними филм

Нова прес конференција со Јирген Клоп и нови бурлески, стандарно со преведувачката на која ѝ помогна на свој начин и со еден од новинарите кој постави непотребно и глупаво прашање.

Ливерпул вечерва гостува во Москва против Спартак во рамките на 2. коло од Лигата на шампионите. На прес конференцијата пред мечот се разбира главен беше најхаризматичниот тренер кој кога ќе направи нешто на свој оригинален начин, секогаш предизвикува внимание.
 
Првата ситуација за одбележување е прашањето поврзано со Квинси Промес од Спартак на кое преведувачката се збуни околу изговорот. Царот што направи? Нешто што не би го направил ниту еден друг тренер. Го напиша на лист за да и ја олесни работата. Типичен Клоп стил.
 
Втората ситуација се однесуваше на едно прашање на кое Клоп имаше убиствено сериозен израз на лицето.
 
Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино изјави дека е заљубен во Хари Кејн, дали вие сте заљубен во некој играч на Ливерпул?
„Јас навистина сум импресиониран што сме на прес конференција од ЛШ, а вие ме прашувате за нешто такво. Навистина не ја разбирам работава....Еве и јас исто го сакам Хари“.
Потоа ја прекина преведувачката и на ироничен начин го повтори одговорот за да го потенцира глупавото прашање на новинарот.
„Покетино го сака Кејн, па дури и јас го сакам, ете тоа беше прашањето. Губење време“.
Ситуацијата со преведувачката е на 7:49, а тоа со Кејн на 9:40.

26 септември 2017 - 11:18