Јангуи Ли е голем навивач на Ливерпул, ама ептен голем, како и авантурист број 1 во светот кога е во прашање одење на фудбалски натпревар.
Дечкото до толку го сака Ливерпул и Јирген Клоп што се дрзна да патува на релација Јужна Кореја – Англија. Дестинацијата нормално најбрзо се поминува со авион, ама тој го избрал најдолгиот пат.
Ли се качи на точак во јуни 2016-та и еве го после седум месеци жив и здрав стаса во Ливерпул. За оваа тура возел преку брда, планини, долини, снегови, летни и зимски периоди и влегол во точно 12 земји.
Задоволството било долго 16.000 километри и го чинело 5.000 долари, а кога стигнал на Енфилд Роуд знаете што му се случило? Немало карти за дербито Ливерпул – Челси и мечот го гледал во паб :).
Сепак во целава оваа неверојатна и луда приказна Ли имал и среќа. Го поканија на гостува на радио и го известија во живо дека кога во Ливерпул слушнале за неговото патување му обезбедиле гратис билет за натпреварот против Тотенхем кој се игра на 11 февруари.
Во врска со точакот Ли одлучил да не го вози повеќе. Инаку да не го заборавиме и ова. Новата година ја дочекал во Франкфурт.