Таг: инстаграм

Депресијата по Инстаграмот се познава

Група научници што нашле службена причина да дремат на Инстаграм и за тоа да бидат платени, успеале да создадат алгоритам кој на сликите на Инстаграм препознава неколку клучни знаци преку кои е поефикасен во откривање депресија отколку докторите.

Вистината од Инстаграм фидот

20-годишна финска блогерка му се обраќа на делот од женската популација што уште ја нема совладано вештината за ловење совршен агол и на крајно неупатената машка маса, за да ги просветли околу тоа што го гледаат на Инстаграм (и за да не се извадат од памет ако по некоја случјаност истото тоа после го видат во живо).

Царската објава на Ибрахимовиќ на Инстаграм

Го следат 25,5 милиони луѓе а како и не би го следеле кога секоја наредна објава му е појака од претходната. Денес објави слика од него и Кинг-Конг, но со натпис кој е кралот а кој е Конг.

Билдерите на Гана

Дечкиве (@kulbila_fitness) не се некои посебно добри фотографи, туку имаат плац со тегови и вежбаат, и толку (ок, сигурно и кркаат нешто по пат). Целиот профил и нивните резултати се едно масовно резилење на секој еден билдер што се пали на опрема, услови и можности за вежбање. Просто е, мускули не растат од држење Техноџим (и слично не толку познати а извикани брендови), растат од вежбање. Па кој сака, шипка во рака, белки и ориз во кујна, и вежбај. За сега имаат 157.000 следбеници на Инстаграм.

Инстабаба со над 3 милиони следбеници

88-годишна госпоѓа, чии фотографии масовно се споделуваат на Инстаграм, ги руши стереотипите за тоа како треба да изгледа и да се однесува жена во „поодминати години“.

Шатори, лаги и Инстаграм

Фино е за фотка и за лајкови, ама стварно никој не спие во оние шаторине поставени на еден чекор од провалија до центарот на Земјата. И девојкава сака тоа да се знае.

Колку пари прави Роналдо од една објава на Инстаграм

Само двајца луѓе на планетава успеваат да заработат повеќе повеќе пари од него на тој начин, но разликата не е многу голема. Во најтесното друштво само тој и уште еден се бави со спорт.

Инстаграмот на американскиот грнчар

Може е стереотип, ама може и Велешани малку да олабават со здравје / фитнес / Трамп вебсајтови, и да извадат еден ваков нивен автентичен бренд, наместо како билмези да се редат пред странски новинари и да објаснуваат како направиле сајт за лажни вести затоа што морале да го прехранат семејството. Човеков се вика Крис Кејси, прави грнци и тоа го прави на Инстаграм пред речиси 65 илјади луѓе.

Како Инстаграм ќе ги уништи продуцентските куќи

Еден Инстаграм пост на Бијонсе, фотографија со неколку зборови под нејзе (и тие незадолжителни), се проценува дека вреди околу 1 милион долари.

Навивач на Јувентус место во Кардиф отишол во Кадиз

Еден млад навивач на Јувентус објавил на својот Инстаграм профил фотографии и коментар во кој признава дека го помешал Кардиф со шпанскиот град Кадиз и го утнал финалето на Лига на шампиони.

Пупка во законот

Има еден акаунт на Инстаграм што ги излудува алгоритмите што ја чуваат „чедноста“ на платформата. Се состои исклучиво од фотографии на брадавици и баш тоа е заeбот: машки ли се, женски ли се? 

Бескрупулозно искрен Инстаграм за родители

Профилот е Average Parent Problems (@averageparentproblems) и во зависност до кај сте на тема деца може да ви изгледа како "Денот на мрморецот," "Пророштво кое неизбежно ќе се оствари" и "Цела среќа што во мое време немаше Инстаграм".

Реакциите за новото лого на Инстаграм

На некои автоматски им се направи апдејт, некои слушнаа муабети па направија апдејт, ама на сите не им се верува и не можат да се помират со тоа што им се појави на мобилниот.

Богаташите што паѓаат на инстаграмот на своите деца

Пред да се појават Панама документите, судовите, владите и сите заинтересирани за туѓи пари и наплаќање долгови од истите, на располагање имаа еден поинаков ресурс со речиси 100-процентна успешност - Инстаграм профилите на децата на богаташите.

Како изгледа да имаш 8 милиони фоловери на Инстаграм

Од човекот што го води фудбалскиот профил @433

Појадокот наречен желба

Мајкл Зи е фотограф од Лондон кој откако живее со својот партнер, секое сабајле прави појадок за двајцата. Симетрично ист појадок. Затоа што е фотограф и затоа што готви, ова не може да заврши на друго место освен на Инстаграм.

Зошто?

Перформансот е следен: девојка ја забива главата во нешто лебасто, и упорно продолжува додека комплетно не го раздроби парчето тесто. Зошто? Е зошто де...

Нејмар, Роналдо и Меси на Инстаграм

Бразилскиот напаѓач е најследениот спортист на социјалната мрежа наменета за објавување фотографии и кратки видеа и е во тесна трка со Роналдо.

Позлатениот свет на наркокартелите на Инстаграм

Логиката е дека ако си член на наркокартел не би објавувал пред цел свет колку пари, злато, жени, оружје и коли имаш од продавање дрога и придружен криминал. Како во 90-те на Балканот, така и сега во Мексико, не зборуваме за логика.

Дали изложување (и продавање) туѓи слики од Инстаграм е крадење?

Ричард Принс (1949) е еден од најкритикуваните, а истовремено одлично продавани современи уметници. Неговата техника еуфемистично се нарекува „рефотографирање", а всушност се состои од обично крадење туѓи фотографии и правење минимални интервенции врз нив. Најнов скандал поврзан со него - изложба на слики од Инстаграм и нивно продавање за 90,000 долари.

Инстаграми од 100.000 долари

На изложба во Њујорк најразлични Инстаграм фотографии се продаваат по цена од 100.000 долари. Заедничко за нив е што сите се украдени од нечии профили, а парите ќе одат уметникот на кој му текнало да ги украде.

Инстаграмки

Затоа што не мора се' да е јадење и уметност на Инстаграм.