Таг: горан пандев

Асистенција за сите пари и Standing ovation за Пандев на Сан Паоло

Еден од единствените шестмина странски фудбалери во историјата на Серија А со над 400 настапи и натаму плени и не ја остава рамнодушна италијанската критика со своите игри. Му извади реми на второпласираниот Наполи каде играше три сезони.

Навивачите на Џенова го испофалија Пандев

Џенова не заборава на Пандев и тогаш кога тој не е во Џенова и е заминат да ги исполни репрезентативните обврски. Клубот на социјалните мрежи не штети зборови за нашиот капитен кој го величат и навивачите на италијанскиот прволигаш.

Честито 100-ка мајсторе

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и официјално вечерва станува втор фудбалер во историјата со 100 настапи за Македонија. По тој повод претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски му подарија специјален дрес, златна плакета и сребрен медал за заслуги за развојот на македонскиот фудбал.

Вака почна сè

Ја имаме фотографијата на денот. Ова е тимот на ФК Беласица пред тргнување за Италија во 2001-ва година на прочуениот Вијареџо Куп каде се откриваат таленти. Скоцкани во одела на фотката може да го забележите Горан Пандев кој има 17 години, како и Ацо Стојков, Зоран Балдовалиев...

Што рекоа за Пандев Жозе Мурињо и Давор Шукер

За фудбалер со 400 настапи во Серија А, 9 трофеи и разни мајсторски голови против Баерн, Јуве, Рома, Милан, не може да не зборува во суперлативи и еден Жозе Мурињо. Човекот кој му рече: Ако дојдеш ќе ја сменам формацијата во 4-2-3-1 и ти и Ето ќе бидете главни играчи на Интер.

Најдрагите голови на Пандев за Македонија

Во пресрет на утрешниот прв меч во квалификациите за ЕП 2020, Горан Пандев ќе стигне до голем јубилеј од 100 репрезентативни настапи. Повод да одговори на прашањето, кои голови му се најдраги за својата земја.

Пандев vs Орсато зад камерите

Копајќи по видеа и новости за Горан Пандев кој во недела го тресна Јуве, а утре ќе го одигра јубилејниот 100-ти настап за репрезентација, налетавме на едно видео кое е реткост бидејќи таму обично не се плеткаат камермани. Го фатија нашиот пис на уста, ама повеќе на шега.

Страста на спикерот на Џенова по голот на Пандев

Како капак на сите видеа кои произлегоа од изненадувањето број 1 на сезоната во Серија А кое му го приреди Џенова на Јуве, се појави и видео од спикерот на клубот кој дополнително го запали Луиџи Ферарис. Тој 10 пати Горан, тие 10 пати Пандев. Ежење.

Топ 5 голови на Пандев против Јувентус

Додека италијанските медиуми пишуваат за првиот пораз на Јуве после дури 28 кола, Газета дело Спорт ги изброи головите на македонскиот голгетер против Старата Дама, а ние ви презентираме листа со топ 5 од нив.

Го сними голот на Пандев и го остави грлото на стадион

Играа со Милан, Интер, Наполи, Лацио, Рома. Никој не успеа да ги победи од нив. Отидоа на гости во Џенова, Прандели во 60-та минута го стави џокерот Пандев и веќе по 20 минути благодарение на нашиот стар лисец на семафорот стоеше Џенова - Јуве 2:0. Кој би рекол а? Гол и асистенција за Гочето.

Гранде Пандев го урна непобедливиот Јувентус

По 27 кола без пораз, силниот и моќен Јувентус се сопна на гостувањето во Џенова и го залебежа првиот пораз сезонава. Победничката серија му ја прекина капитенот на Македонија кој ја реши Старата Дама со гол и асистенција за конечни 2:0.

Трите желби на Пандев пред да се пензионира

И по 17 години кариера во Италија, Горан Пандев има сè уште желба за фудбал и победи. Толку е мотивиран што вели дека сака да победува и против Јувентус и на натпреварите на тренинг.

Девет години од мајсторијата на Пандев на миланското дерби

Додуше ова беше на вчерашен ден 24 јануари 2010-та, ама слаткото е што ова незаборавно голчиште од нашата најголема фудбалска ѕвезда, го има на Јутјуб со знакчето на Телма и незаборавниот глас на Бранко Илиевски со кој ги проследивме најубавите години од Серија А. Пандев стави потпис во тимот на Мурињо 20 дена пред ова дерби, а тука има 26 години.

Трансферот на кој се потсети Интер

Откако беше еднаш дел од Интер Примавера, Горан Пандев на 4 јануари 2010-та направи кам бек на Џузепе Меаца, датум кој очигледно Интер не го заборава. На Твитер профилот синоќа го одбележа со кусо видео во кое се истакнува неговата мајсторија од слободен удар на градското дерби, како и денот кога ја освои ЛШ. Каква сезона беше тоа за капитенот на Македонија.

Пандев оправдано лут, ниту ВАР ниту чист пенал

Најдобриот македонски фудбалер синоќа влезе во игра во 68’ минута на мечот против Рома и во 93’ минута беше дел од спорна ситуација во која не доби пенал.

Лобот на Пандев ала Марадона влезе во топ 5 голови на сезоната во Серија А

Иако пред месец дена мртва трка за наградата водеа Горан Пандев и голманот на Беневенто, сепак на крај признанието им го лапна оној кој беше прогласен и за најдобар играч на сезоната во Серија А, за што и самиот беше малку зачуден.

За наградата гол на годината Пандев се јаде со голман

Капитенот на македонската репрезентација е се поблиску до освојувањето на наградата за гол на годината во Серија А. Најголемата битка ја води со голманот кој му даде епски гол на Милан. Да му помогнеме на Горан да се искачи на тронот.

Гласајте за мајсторијата на Пандев, номинирана за гол на годината

Иако е на залез на кариера и го јаде силна конкуренција од помладите, сепак мајстор си е мајстор и на 35 години. Ремек делото на Горан Пандев против Верона е номинирано за гол на годината во Серија А.

Ерменија му е редовен пациент на Пандев

Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток од 18 часот го игра четвротото коло од Лига на нации во кое ако оствари триумф ќе го потврди лидерското место во групата по што ќе следува плејоф за пласман на ЕП 2020. На капитенот ептен му лежи оваа селекција.

Пандев го тресна и Киево

По деби голот против Сасуоло, Горан Пандев го запиша и вториот гол сезонава во Серија А. Жртва овој пат беше Киево против кој погоди за 2:0 во 54-та минута за трета победа на својот тим по пет минати кола. Така е кога ќе го оставите сам на лева.

Пандев за претседател на ФФМ

Изнуди пенал за 1:0 и постигна гол за конечни 2:0. Ете колку значи во репрезентација да го имаш Горан Пандев кој не се дава и на 35 години. По синоќешниот триумф над Ерменија, цела соблекувална грмеше: претседателе, претседателе, а тоа е поврзано со неговото најново интервју во кое изрази желба да ја води ФФМ по завршувањето на кариерата. 

Пандев погоди против Сасуоло

По Александар Траковски за Палермо и Горан Пандев се најде меѓу македонските стрелци во италијанскиот фудбал. Во голеагада од 5:3 на дуелот Сасуоло - Џенова, капитенот на македонската репрезентација го постигна вториот гол за својот тим, инаку прв за него оваа сезона.

Како Интер му го честиташе роденденот на Пандев

„Порасна со нас и победуваше со нас, среќен роденден Горан“, напиша Интер на својот Фејсбук профил и го постираше голот на Пандев со кој го тресна Баерн среде Алијанц Арена и го исфрли од осминафинале во ЛШ и тоа во 88-ма минута за пресврт од 2:3. Убаво од нивна страна.

Почна да работи левицата на Пандев

Во очи на својот роденден Горан Пандев го сефтоса својот прв гол во претсезонските натпревари, и тоа во неговиот препознатлив стил кога ќе добие топка во шеснаесетник свртен со грб према голот.