Македонија борбена, храбра и недоволно среќна да ѝ го земе скалпот на репрезентацијата која цели 10 години нема пораз во квалификации за Светско или Европско првенство. Нашите се надигруваа, создаваа шанси, даваа голови, но на крајот останаа без бод(ови).
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во 10 и 12 минута ги пропушти најзрелите шанси за водство на квалификацискиот меч против Израел, а Адис Јаховиќ промаши пенал во 95 минута. По овие нереализирани прилики не се освојуваат бодови. Остануваме на 0 по двете кола.
Италијанскиот фудбал полека излегува од кризата. Да, до рекордни 1,1 милијарди премиерлигашки евра се далеку, но активноста на клубовите и инвестициите од Далекиот Исток носат оптимистични суми.
На 5. септември во Скадар, македонската фудбалска репрезентација ќе го отвори новиот квалификациски циклус, за пласман на Мундијалот во Русија. Селекторот Ангеловски не може да смета на Трајковски и Агим Ибраими. Пандев ќе игра.
Горан Пандев денеска полни 33 години, а нашите честитки во насловот се такви бидејќи со Џенова сезоната ја заврши без постигнат гол, а за репрезентација на квалификациски натпревар нема стрелано од 10 септември 2008-ма против Холандија.
Далеку од парите, славата и медиумската помпа во Лигата на шампионите или поточно во селото Иловица во подножјето на планината Огражден, настапува Фк Огражден како дел од општинската лига во Струмица.
Најдобрите македонски фудбалери ја прекинаа серијата од три порази (Либан, Словенија, Бугарија), откако вечерва во австрискиот град Бад Ерлах го победија Азербејџан со 3:1 (2:0). Пандев стрелец и асистент.
По Дарко Панчев и Илија Најдовски, Горан Пандев на денешен ден во 2010. година стана третиот Македонец кој го кренал најважниот пехар во европскиот клупски фудбал
6 декември 2004-та. Лацио му гостува на силниот Јувентус со слаби шанси за бодови, што така и ќе излезе на крај. Но стартот на мечот целосно изненади бидејќи во шеснаесетникот на Буфон царуваше со слалом 21 годишниот македонски талент кој дојде од Анкона.
Македонија создава шанси за гол, има иницијатива и по којзнае кој пат губи по смешна поставеност и немарност во одбраната. Македонија - Бугарија 0:2 (Рангелов, Тонев).
Со 26 голови Горан Пандев е најдобар стрелец во македонската фудбалска репрезентација, а со 32 години не е престарен за да не може да одигра барем уште 2-3 години. Неговото богато 12 годишно искуство од Серија А му е потребно на Македонија која е на срамното 138-мо место на рангот на ФИФА. Ајде Гоче покажи се уште вечер.
Освен по елиминацијата на Манчестер Сити кога се радуваше Попов, 15 март 2011 нè потсеќа на уште еден голем успех каде повторно во улога е Струмичанец. Интер во осминафиналето отпатува на Алијанц арена по пораз од 0:1 од Баерн Минхен и по нерешените 2:2 до 88 минута на кои стрелаа Гомез, Милер, Ето и Снајдер, голот вреден четвртфинале против гигантот го постигна Горан Пандев.
На турнирот на кој некогаш блескаше Горан Пандев, сега игра неговата Академија Пандев, екипа која загуби од бранителот на титулата Интер со 4:0 на отворањето.
Викендот зад нас помина одлично за македонските репрезентативци. Прецизни беа Несторовски кој е прв стрелец во Хрватска, Трајковски во Италија, Агим Ибраими во Словенија, Бабунски во Шпанија.
Со Арапските земји не ни оди баш, имаме само две победи на девет меча, едната против Иран 2:1, а со ист резултат го победивме и Катар. Мечот се играше на Филип Втори во 2009 година, во ист термин во кој играме денеска против Либан, 13 часот.
Најдобриот македонски фудбалер и најдобар стрелец во националниот тим со 26 гола се враќа во македонската репрезентација. Конечно да напишеме и некоја добра вест поврзана за македонскиот фудбал.
Од странците во Серија А командуваат Хрватите, Србите, Словенците, Босанците, Црногорците и Македонците, а во моментов ги има 47, повеќе од Аргентинците и Бразилците.
Со заминувањето на Давид Пизаро кој играше за Удинезе, Интер, Рома и Фиорентина меѓу 1999 и 2015 година, во новата сезона во италијанското првенство со најмногу поминато време влегува нашиот напаѓач кој летово направи кам бек во Италија.
Струмичанецот не може без Италија. После Интер, Специја, Анкона, Лацио и Наполи, сега сака да живее и да игра фудбал во Џенова. Му фали и Чезаре Прандели кој доби отказ во Истанбул.