6 декември 2004-та. Лацио му гостува на силниот Јувентус со слаби шанси за бодови, што така и ќе излезе на крај. Но стартот на мечот целосно изненади бидејќи во шеснаесетникот на Буфон царуваше со слалом 21 годишниот македонски талент кој дојде од Анкона.
Македонија создава шанси за гол, има иницијатива и по којзнае кој пат губи по смешна поставеност и немарност во одбраната. Македонија - Бугарија 0:2 (Рангелов, Тонев).
Со 26 голови Горан Пандев е најдобар стрелец во македонската фудбалска репрезентација, а со 32 години не е престарен за да не може да одигра барем уште 2-3 години. Неговото богато 12 годишно искуство од Серија А му е потребно на Македонија која е на срамното 138-мо место на рангот на ФИФА. Ајде Гоче покажи се уште вечер.
Освен по елиминацијата на Манчестер Сити кога се радуваше Попов, 15 март 2011 нè потсеќа на уште еден голем успех каде повторно во улога е Струмичанец. Интер во осминафиналето отпатува на Алијанц арена по пораз од 0:1 од Баерн Минхен и по нерешените 2:2 до 88 минута на кои стрелаа Гомез, Милер, Ето и Снајдер, голот вреден четвртфинале против гигантот го постигна Горан Пандев.
На турнирот на кој некогаш блескаше Горан Пандев, сега игра неговата Академија Пандев, екипа која загуби од бранителот на титулата Интер со 4:0 на отворањето.
Викендот зад нас помина одлично за македонските репрезентативци. Прецизни беа Несторовски кој е прв стрелец во Хрватска, Трајковски во Италија, Агим Ибраими во Словенија, Бабунски во Шпанија.
Со Арапските земји не ни оди баш, имаме само две победи на девет меча, едната против Иран 2:1, а со ист резултат го победивме и Катар. Мечот се играше на Филип Втори во 2009 година, во ист термин во кој играме денеска против Либан, 13 часот.
Најдобриот македонски фудбалер и најдобар стрелец во националниот тим со 26 гола се враќа во македонската репрезентација. Конечно да напишеме и некоја добра вест поврзана за македонскиот фудбал.
Од странците во Серија А командуваат Хрватите, Србите, Словенците, Босанците, Црногорците и Македонците, а во моментов ги има 47, повеќе од Аргентинците и Бразилците.
Со заминувањето на Давид Пизаро кој играше за Удинезе, Интер, Рома и Фиорентина меѓу 1999 и 2015 година, во новата сезона во италијанското првенство со најмногу поминато време влегува нашиот напаѓач кој летово направи кам бек во Италија.
Струмичанецот не може без Италија. После Интер, Специја, Анкона, Лацио и Наполи, сега сака да живее и да игра фудбал во Џенова. Му фали и Чезаре Прандели кој доби отказ во Истанбул.
За да се пласираат во четвртфиналето од Лигата на Европа, фудбалерите на Интер треба вечерва да ја анулираат негативата од 3:1 против Волфсбург. Шест пати на сино-црните им успеало да направат целосен пресврт во европските натпреварувања.
Фудбалерите на Галатасарај славеа убедлива победа од 4:0 на првиот четвртфинален дуел од турскиот куп против Манисаспор, а головите Горан Пандев ги постигна во 68 и 88 минута. За поранешниот македонски репрезентативец кој по завршувањето на сезоната се сели во Џенова, ова е седми гол за турскиот состав, сите во купот.
Во сезоната 2009/2010, Лацио ги отстрани од првиот состав Горан Пандев и Кристијан Ледезма, затоа што одбија да продолжат договор со римскиот клуб. Пандев се снајде, Аргентинецот не.
Галатасарај и Ривер Плата одиграа пријателски натпревар кој со погодок во првото полувреме го отвори Горан Пандев. Аргентинскиот тим конечните 1:1 ги постави на две минути до крајот преку Диаз.
По хет-трикот на минатиот натпревар, Горан Пандев продолжува голгетерски и на денешниот куп меч против Дијарбакир. Во 31 минута тој го отвори резултатот откако ја избегна офсајд стапицата и го легна голманот.
Поранешниот капитен на Македонија, во интервју за CalcioNapoli24 зборува за скандалозното финале од италијанскиот Супер куп во кое по две години вечерва повторно се среќаваат Наполи и Јувентус. Анализира тренери, ги споредува турскиот и италијанскиот фудбал и демантира заминување од Истанбул во јануари.
Горан Пандев чекаше и дочека прилика во Галатасарај. Во второто коло од турскиот куп, во дуел против третолгашот Балчова вечерва, Пандев најпрвин израмни на 1:1, а потоа со уште два гола го заклучи високото водство на Галата 1:5 по првото полувреме. Нaтпревaрoт нa крaј зaврши 1:9.
Саного и Санчез му ја донесоа посакуваната победа на Арсенал, а до важни три бода стигна и Јувентус кој со една нога е во топ 16 фазата. Осминафинале заверија и Атлетико и Баер Леверкузен, Лудогорец го сопре Ливерпул, а Реал стигна до 15-та победа во низа со што Анчелоти го израмни рекордот на Мурињо од 2011/2012.
Кралевите имаат 11 победи по ред во сите натпреварувања, а Ливерпул е притиснат од Базел и Лудогорец. Галатасарај сака да се офајди во Дортмунд кој има 5 порази по ред во Бундеслигата.