Откако после седум години, седум титули со Динамо и седум настапи за Хрватска, бразилскиот Хрват Самир се врати на „Максимир“, медиумите во Загреб решија да се потсетат на тоа колку погодоци и колку утки направиле „Модрите“ на пазарот.
Index.hr набројува 23 фудбалери кои биле тотална утка на апсолутниот хрватски шампион, а меѓу нив се најде и братот на најтрофејниот македонски фудбалер Горан Пандев, Сашко.
Сашко во моментов е на добар пат да влезе во првата македонска лига со тимот Академија Пандев чиј сопственик е токму Горан. Меѓу дваесет и тројцата има многу легионери од Африка, од Јужна Америка а има и домашни играчи од Хрватска.
Единствено добро за Сашко на листава (ако така може да се каже) е што заедно со извесен Клејтон, натурализиран грчки Бразилец дале по 1 гол. Сите други немаат ниту еден.
За Сашко кој модриот дрес на Динамо го носеше 10 пати Индекс вели:
„Помалку познатиот брат на славниот Македонец од Интер постигна гол против Меѓумурје, клуб во кој заедно со Интер Запрешиќ ќе ја помине својата скромна кариера во хрватската лига. По бројните авантури во родната Македонија и еден излет во Азербејџан, Пандев денес е член на клубот кој го основал неговиот брат - Академија Пандев“.
По завршувањето на есенскиот дел од сезоната, ФК Академија Пандев има 37 бода, дури 11 повеќе од второпласираниот ФК Скопје и е на добар да влезе во Првата лига.