Таг: гонзало игуаин

Во исто време на исто место

Еден од фотографите покрај теренот на мечот Фиорентина - Наполи (1-1, два гола за 65 секунди), успеал да ја направи фотографијата на пролетната полусезона во Серија А.

Napoli mia Napoli

Во време кога градот под Везув после цели 26 години повторно мириса Скудето, навивачите го сонуваат тимот кој им ја оствари животната желба на многу генерации.

Успехот на Игуаин лежи во рибата и морските плодови

200 гола на клупски план од кои 65 за Наполи. За аргентинскиот напаѓач целта оваа сезона е една и единствена. Скудето.

Ја сака пицата на мајка му, фан е на Федерер и велат дека е скржав

Гонзало Игуаин има тројца браќа од кои еден е фудбалер. Поседува и француски пасош, а меѓу 10-те работи за него ќе уфрлиме и една чудна информација за човек што заработува 5,5 милиони евра годишно.

Наполи даде 10 гола за 4 дена

Фудбалерите на Наполи во четвртокот го совладаа Клуб Бриж 5:0 и тоа им беше највисока победа во Европа во клупската историја. Во неделата го победија Лацио 5:0 и на тој начин ја остварија најубедливата победа на еден тим во Серија А од 2007. година.

Не барај автограм од Пипита Игуаин

Гонзало Игуаин одмора на Ибица со Езекиел Лавеци, но едно излегување им преседнало, откако некој минувач му побарал автограм на Игуаин. Напаѓачот одбил да се потпише, по што дечкото му пререкол дека не знае да шутира пенали.

Брцањето прсти му е стара навика на Чилеанецот

Единсон Кавани ни крив ни должен доби црвен картон по провокацијата на Гонзало Јара на мечот во Копа Америка меѓу Чиле и Уругвај. На репрезентативецот на Чиле му извадија и други такви срамни потези кога ги чепкал Игуаин и Суарез.

Пенал проклетството на Гонзало Игуаин

Промашениот пенал против Лацио следува после лошо изведените со Киево, Аталанта и Милан. На тој начин Пипита Игуаин од можен херој, стана симбол на промашени пенали во една сезона и покрај 29 постигнати голови во 2014/2015.

Голманот на Парма ќе му ја плати пола казна на Игуаин

Антонио Миранте ја смирува тензијата која се случи по мечот Парма – Наполи и тврди дека имало само многу нервоза.

Игуаин: Требаше да ни ја пуштите

„Раководните луѓе на Наполи ни велеа дека треба да загубиме затоа што веќе сме испаднати од прва лига. Ми се гади од коментарите“, изјави стратегот на Парма.

Фудбалерите кои не го оправдаа презимето

Некои играчи го носеа товарот од славата на нивните браќа и татковци, но не се прославија во тоа. Од Жорди Кројф до Хуго Марадона, десет фудбалери докажаа дека во фудбалот не важи она „крвта не е вода“.

Викенд ревија на евроголови

Изминативе два дена беа толку богати со фудбал, што не стигнавме да ги видиме сите убави голови. Понеделнички, на раат може да уживаме во најубавите.

Антички Наполитанци

Наполитанците минатата година се одлучија за календар со згодни, разголени девојки, а годинава тргнаа по некој друг пат. Игуаин, Хамшик, Маџо и компанија се сликаа како антички војници за потребите на новиот календар за 2015. година. Промоцијата е на 18. декември.

Т'га за причина за навивање

Во некој оддел за опскурни спортиски статиски запишана е ставката - најмногу последователни извикувања на име на фудбалер за време на Лига на Шампиони. Рекордот е 9 пати, рекордери се навивачите на Наполи, името е Гонзало Игуаин, а целата журка ја прави Децибел Белини, официјалниот најавувач на Наполи. Кога сме веќе во Наполи, да видите Пандев како го испочитуваа.

Опавчето на Паласио и поранешниот зет на Марадона

Вчера дознавте за занаетчиското средно школо на Манџукиќ, големото срце на Срна и мисицата на Ковач. Сега ги имаме најинтересните куси стории за Аргентинците кои за малку ќе го немале во напад голгетерот Игуаин.

Како почнаа

Меси, Лавеци, Игуаин...Големите мајстори на фудбалската игра не се станати големи играчи преку ноќ. Тие држлеле лекции по фудбал уште како деца. Штета што компилацијава трае неполна минута.

Новогодишните бомби Игуаин и Бенитез

Наполитанците важат за многу темпераментни навивачи, но и опасни. Пред два дена пишувавме дека ги ограбуваат играчите, а за празнициве ги користат нивните имиња за поуспешна продажба на пиротехника.

Трансферот на Игуаин е „Италијанска работа“

Во пресрет на вечерашната голема пресметка во „групата на смртта" на стадионот „Емирати" во Лондон, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис им раскажа на англиските медиуми како за 10 минути со еден телефонски повик успеал да го купи Игуаин, без да знае дека во трката за него се и „Топџиите".

Неапол полуде по голот на Игуаин

Гонзало Игуаин бргу стана миленик на навивачите на Наполи. Викендов тој го постигна првиот погодок на домашен терен по што стадионот Сан Паоло полуде. Да се надеваме дека оваа сезона почесто ќе објавуваме вакви реакции и по голови на Горан Пандев.

Убиствениот аргентинско-македонски тандем

Новата сезона во италијанскиот фудбалски шампионат сезонава ни носи неколку интересни промени во напаѓачките линии, а порталот „whoscored.com" според статистиката од минатата сезона издвојува четири тандеми од каде се очекува најголемата опасност по головите. Дуото Пандев-Игуаин ќе сее најголем страв.

Игуаин тргна полека накај Лондон

Деновиве се хит монтажите со познати спортисти. Де Брито ја совлада Марија Шарапова, но за да ја надмине и во стенкање мораа да го сторат ова, додека на Давид Луиз му направија уште поприродна фризура.