На само две кола до влез во Ф8 фазата, екипите влегуваат во посакуваната форма, што може да се види по огромната борба за место во играчи на колото. Ова коло имавме рекорден број на фудбалери кои имаа постигнато повеќе од 4 гола.
Како што се ближи крајот на регуларниот дел на Бизнис Лигата на Македонија, така се е понеизвесен влезот во првите 8 екипи кои во Ф8 ќе се борат за освојување на шампионската титула.
Вториот ден од Бизнис лигата на Македонија донесе голема ефикасност на дуелот меѓу Монтенегро и Еуролинк на кој паднаа 18 голови, а ТРАНСМЕТ го совлада АрцелорМитал со 7:3.
Првиот ден од 16. коло во Бизнис лига на Македонија со победи го отворија ЕВН и СЦ Борис Трајковски, додека Глобко Логистик и Доминос Пица одиграа без победник.
Петнаесеттото коло на Бизнис Лигата на Македонија донесе натпревари кои ги красеше одлична реализација и игра во нападот. Се чини дека имаше рекорден број на стрелци кои имаат постигнато по 4 или повеќе гола.
Недела во која во целост се потврди неизвесноста и фактот дека во Бизнис Лигата на Македонија нема фаворити. Се играа натпревари во кои победникот го одлучуваа нијанси, а како и секое коло, така и ова ќе издвоиме индивидуалци кои беа заслужни за постигнатите резултати на своите екипи.
Третата и најтешка квалификациска пресметка на футсал селекцијата на Македонија, нашите репрезентативци ја играат утре во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 18:30. За Типстерите повторно ќе има гратис влезници.
Македонската футсал репрезентација ја совлада Швајцарија 7-6, иако во еден момент од средбата имаше убедлива предност од пет голови. Во последното, трето коло нашите фудбалери играат против Шпанија, а Унгарија против аутсајдерот Швајцарија.
Квалификацискиот циклус за ЕП 2016-та, футсал селекцијата на Македонија го почна со реми против Унгарија, а голема поддршка на нашите репрезентативци ќе им треба и на вечерашниот втор дуел кој ќе може да го проследат петмина Типстери.
Македонската футсал репрезентација пропушти голема шанса со важна победа да го стартува првиот квалификациски меч за Европското првенство во футсал и да си ги отвори вратите за баражот. Агуши со автогол во последните мигови од средбата ги постави конечните 3:3.
Првиот пласман на Европско првенство, составот на Скендеровски ќе почне да го брка вечерва против Унгарија во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот. Првите петмина кои остварија најмногу профит од синоќешните две средби во ЛШ ќе добијат по 2 гратис влезници за мечот.
Македонија за прв пат има шанса да организира квалификациски турнир за едно Европско првенство во футсал, а тоа ќе биде можност и за деби историско учество на нашата репрезентација на ЕП. Преку вечерашната понуда на Типстер, ве носиме во Борис Трајковски за да ги бодрите момците на Скендеровски.