Гранит ја искористи слабата реализација на МЕПСО

Во вториот ден од 14. коло во Бизнис лигата, Монтенегро убедливо со 8:1 го совлада ЕЛЕМ, а ТРАНСМЕТ ја совлада Систина.

Монтенегро преку контранапади до победа над ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 1-8(0-3) Монтенегро
ЕЛЕМ: Димче Димитријески 38’
Монтенегро: Јорданчо Јакимоски 8’, Љубиша Јовановски 17’, Ивица Јанковски 20’, 25’, 39’, 40’, Горан Новакоски 31’, Даниел Настевски 39’
Екипата на ЕЛЕМ мошне офанзивно го почна овој натпревар уште на самиот старт, во нивните редови имаше голман играч, што им овозможуваше играч плус да нападне. Но минатогодишниот шампион Монтенегро преку цврста и агресивна одбрана успеа да се справи со ваквата поставеност кај ЕЛЕМ и преку контранапади мошне успешно реализираше, не давајќи во ниеден момент победникот на овој натпревар да се доведе во прашање, па на крајот славеше со 1-8.
 
ТРАНСМЕТ во атрактивен натпревар ја совлада Систина

Систина 6-9(2-4) ТРАНСМЕТ
Систина: Александар Јаневски 11’, 22’, Игор Ѓорѓиевски 17’, 40’, Амел Аломеровиќ 24’, Горан Манов 31’
ТРАНСМЕТ: Перо Ангелески 1’, 16’, Игор Пејовски 8’, 15’, 25’, Тони Ѓуровски 33’, 36’, Емир Бегановиќ 37’, Ице Тодоровски 38’
Екипите на Систина и ТРАНСМЕТ одиграа натпревар кој беше полн со неизвесност и елементи кои ја красат фудбалската игра во целост. Се играше брз и отворен фудбал и на двете страни, иако ТРАНСМЕТ прв дојде до водство, Систина успеа во целост да се врати во натпреварот изедначувајќи го резултатот. Но неколку погрешни проигрувања му овозможија на ТРАНСМЕТ лесно да дојде до гол и да го сврти целиот натпревар во своја корист за победа од 6-9.
 
Гранит ја искористи слабата реализација на МЕПСО

Гранит 6-1(3-1) МЕПСО
Гранит: Стеван Митревски 3’, 27’, 40’, Пепи Мицев 4’, 8’, 36’
МЕПСО: Јовче Ангелов 6’
Во првото полувреме екипата на Гранит успеа во раната фаза од натпреварот да дојде до водство кое МЕПСО го ублажи. Екипата на МЕПСО во два наврати остана со играч помалку, што Гранит не успеа да го претвори во гол, па на полувремето Гранит отиде со предност стекната на самиот почеток (3-1). Во второто полувреме екипата на МЕПСО немаше добра реализација од изгледни шанси за гол, што Гранит вешто го искористи за победа на овој натпревар од 6-1.
18 март 2015 - 09:41