Мицев со звукот на сирената му донесе победа на Гранит во дуелот со Шпаркасе
Шпаркасе 4-5(2-3) Гранит
Шпаркасе: Дарко Стојановски 4’, Стојанчо Јосифоски 20’, 27’, Филип Чижбановски 24’
Гранит: Стеван Митревски 4’, Дарко Стојановски 8’, 12’, Далибор Велковски 34’, Пепи Мицев 40’
Во исклучително интересен и возбудлив натпревар екипата на Гранит го совлада Шпаркасе. Во текот на целиот натпревар се водеше рамноправна борба, и двете екипи играа доста брз и отворен фудбал во кој ниедна не успеа да оствари значителна резултатска предност. И кога сите очекуваа натпреварот да заврши со нерешен резултат, Пепи Мицев кај Гранит во 40’ на само 15 секунди до крајот го искористи малото невнимание во одбраната на Шпаркасе и даде гол за победа на овој натпревар од 4-5.
Алкалоид со цврста одбрана до победа над Македонски Телеком
Македонски Телеком 0-2 (0-0) Алкалоид
Македонски Телеком: /
Алкалоид: Дарко Стефков 24’, Стефан Димовски 39’
Се играше доста цврсто на двете страни, пред се во делот на одбраната каде што играчите на двете екипи не се штедеа и го даваа својот максимум. Во првото полувреме и самиот резултат од 0-0 го говори тоа дека одбраната беше на перфектно ниво. Во второто полувреме екипата на Алкалоид ги искористи контранападите и стрпливоста во нападот за да дојде до 2 гола. Македонски Телеком не можеше да најде право решение за цврстата одбрана на Алкалоид, па го загуби овој натпревар со 0-2.
МЕПСО 0-3 (сл.) ЕЛЕМ