Избраниците на Васко Скендеровски вечерва во СЦ Борис Трајковски за малку од готово ќе направеа вересија.
Само 36 секунди им требаа на нашите фудбалери да го отворат резултатот преку Адријан Мицевски. Истиот фудбалер во следните три минути зголеми на 3-0, откако запиша хет-трик. Швајцарците намалија преку Џемаљи Ликај. Тоа дополнително ги мотивираше нашите фудбалери, кои за кратко се одлепија на 5-1. Сите шест голови во првиот дел паднаа во првите пет минути.
Вториот дел започна добро зa нашите, кои со четвртиот погодок на Адријан Мицевски зголемија на 6-1. Швајцарците во еден момент почнаа да го користат падот во нашата игра и со головите на Сего Мато и Јаник Арбуд се вратија на минус два голови.
На 180 секунди до крајот, капитенот Зоран Левески ја врати предноста од три гола (7-4), но Швајцарците на крајот изборија пристоен пораз од 7-6, благодарение на Сего Мато и Патера.
Последното коло се игра во сабота, а Македонија ќе се судри со апсолутниот фаворит Шпанија. За второто место кое носи бараж за пласман на ЕП ќе одлучува гол-разликата меѓу нас и Унгарија, која ќе игра против Швајцарија.