Во недела од 15:05 граѓаните на Лестер ќе ги живеат можеби најлудите 90 минути затоа што со евентуален триумф на нивниот тим на гостувањето на Олд Трафорд, титулата ќе биде и теоретски освоена. Еве што му препорачаа на тренерот Клаудио Раниери.
Кога подвизите на Лестер станаа сè поневеројатни, во очи паѓаше амблемот/логото на клубот. Колку пати сте слушнале некој со двоумење да го чита: „Лечестер кец стај го“ или „Леичестер ќе тепа ли“?
На почеток на сезоната карта за домашните средби на Лестер изнесувала 495 фунти, а за последниот меч сезонава на Кинг Пауер стадионот цените на влезниците достигнуваат и до 15.000 фунти.
Минатата сезона Лондонците играа во Лига Европа благодарение на фер-плеј рејтингот на УЕФА, иако во првенството завршија 12-ти. Сега се борат за место во Лигата на шампионите.
Некогаш најголемата надеж на англискиот фудбал и 12 пати репрезентативец на Англија, Адам Џонсон (28) денес ја слушнал пресудата за педофилија и следните шест години ќе ги мине во затвор.
Пред една деценија англискиот Чарлтон беше стандарден премиерлигаш, а во моментов со едната нога е испаднат во третата англиска лига откако заостанува 5 бода зад зоната која значи опстанок во Чемпионшип. Навивачите реагираа на состојбата.
Како омилен наставник кај кого учениците едвај чекаат да имаат час (во случајов тренинг), Клаудио Раниери воспостави другарски однос со фудбалерите на Лестер кој се сè поблизу до неверојатната историска титула во Премиер лига.
Денес кога на фудбалерите им е поважен гелот за коса, изгледот и тоа како ќе одглумат пенал, сè повеќе недостасуваат играчите на кои да влезат со глава каде некој не би одел со нога им беше добар ден.
Во САД Шек е ко-сопственик на интернет радио станица со претседателот на Нортемптон, англискиот четвртолигаш кој убедливо обезбеди пласман во Лига 1. Од таа причина О'Нил им честиташе на добрите игри и им посака сè најдобро.
По вчерашниот убедлив триумф над најголемиот ривал за титулата и најскап тим во Премиер лигата, Лестер почна да ги предомислува и скептиците кои не веруваат во нивно освојување на титулата. Кои 11 играчи и тренер прават чудо сезонава?
Најголемото изненадување сезонава во Топ 5 лигите во Европа има историја која што ја пишуваа неколку познати фудбалри. Лестер не е клуб од вчера, туку е признато име во островскиот фудбал.
Фудбалерите на Брентфорд на мечот против Бирмингем мислеа да ја сокријат траекторијата на топката со тоа што седум души ќе се наредат во два живи ѕида пред противничкиот гол.
„Најдоброто од италијанскиот фудбал: Тактиката и организацијата“, вели Паоло Ди Канио, кој тврди дека Сити ќе го освои шампионатот по инерција, а има што да каже и за Ван Гал.
На денешен ден пред 10 години, на мечот на кој Антонио Касано се обиде од пенал да направи Паненка а голманот му ја фати жива, високиот Никола Жигиќ постигна два гола од кои вториот ретко се гледа и уште се прераскажува.
Откако го улови рекордот на Ван Нистелрој со 11 голови на 11 меча по ред во Премиер лигата, напаѓачот на Лестер сега е во потера по остварувањата на Мортенсен, Ширер и Ван Перси.
Еден од поважните моменти во историјата на модерниот фудбал се случи на денешен ден пред 17 години. Збунетиот Стиви дебитираше за Ливерпул, а понатаму се друго е историја.
Првпат во историјата на Премиер лигата после 13 кола води тим со само 28 бодови. Достигнувањата на Лестер се феноменални и единствени што мораше да најдеме нешто повеќе за нив.
Кај нас уште не сме слушнале некој да крсти дете Вардар, Силекс или Шкендија. Во Лондон, навивач на Милвол решил страста кон клубот и буквално да ја префрли од татко на син.
Трагичниот настан што се случи во Париз остави трага врз репрезентативците на Германија, кои преноќија на стадионот. Од друга страна Франција утре игра пријателска со Англија на Вембли која не се откажа и покрај предлогот на некои фудбалери.
На денешен ден, пред три години пријателска средба играа Шведска и Англија. Швеѓаните победија 4-2 а Златан Ибрахимовиќ ги даде сите четири голови од кои едниот е можеби најубав во историјата на фудбалот.
Малиот Пол, второ од четирите деца, првите фудбалски чекори ги направил на улицата Пит 29 во местото Данстон. Кога ќе се стемнело, се враќал дома и често јадел пржени риби, слушајќи го во позадина пијаниот татко Џон на кој Гаскоњ ќе се метне.
Репрезентацијата на Англија е првата селекција која што избори пласман на ЕП 2016 во Франција. Во триумфот од 0-6 против Сан Марино, Руни постигна еден гол и сега има вкупно 49 со што се израмни со легендарниот Сер Боби Чарлтон.
Веќе којзнае која година по ред англиските Премиерлигаши потрошија повеќе од останатите европски лиги за трансфери. Двата тима од Манчестер и екипата на Њукасл се издвоија по трошоците а Арсенал како по обичај не се расфрлаше со пари.
Холандија, Англија и Република Ирска се трите земји кои благодарение на фер настапите на нивните клубови и репрезентации, добија право на уште едно место во квалификациите за ЛЕ од следната сезона. Македонија 46-та на фер плеј листата.